Бернам Торп (англ. Burnham Thorpe) е селце во околијата крај реката Берн близу крајбрежјето на Норфолк во Англија. Познато е како родно место на прочуениот вицеадмирал Хорацио Нелсон, победник во Битката кај Трафалгар, и еден од најголемите британски херои. Татко му Едмунд Нелсон служел како ректор (парох) на црквата во Бернам Торп.Црква „Сите Светители“ - Бернам Торп
Родната куќа на Нелсон била урната по смртта на татко му, а на нејзино место била изградена парохијата (ректоријата). Овој објект стои и денес, заедно со црквата каде што служел татко му. Местото кајшто стоела поранешната ректорија е обележано со табла.
Главната крчма во селото е изградена во 1637 г. и се нарекувала The Plough („Плуг“) сè до 1798 г. кога е преименувана во The Lord Nelson („Лордот Нелсон“) во чест на неговата победа во Битката кај Абукир (Битката кај Нил). Пред да отплови, тука Нелсон одржил гозба за селаните. Крчмата постои и ден денес.
Познати личности Хорацио Нелсон Миранда Рејзон, глумица Соли Цукерман, научник и чиновник
Наводи
Поврзано Норфолк Список на места во Норфолк
Категорија:Села во Норфолк