Дефекацијата е завршен чин од варењето на храната кога организмот ги исфрла во надворешната средина отпадните производи од варењето т.е. изметотDefecation Encyclopædia Britannica (анг.). Поимот дефекација доаѓа од грчкиот збор feces што значи измет и de што значи да се отстрани.

thumb|210px|Дефекација во клечечка положба

Кога ректумот е полн, доаѓа до зголемување на внатрешноректалниот притисок кој ги шири ѕидовите на аналниот канал, овозможувајќи им на отпадните материи да влезат во каналот. Со притисокот правото црево се извиткува и со т.н. перисталтичен бран ги турка овие материи надвор од правото црево. Мускулите на внатрешниот и надворешниот сфинктер го отвораат анусот и овозможуваат отпадните материи (фецесот) да бидат исфрлени надвор.

Во нормални услови дефекацијата се одвива врз принцип на два механизма: нагонско (рефлексно) празнење на цревата условено со работата на дебелото црево. Дебелото црево е резервоар за содржината, но тоа го контролира сфинктерот (мускул во облик на прстен) кој се отвора при празнењето на цревата и се затвора при завршувањето на празнењето отворањето и затворањето на прстенестиот мускул (сфинктер) го регулира празнењето на цревата, а при тоа постои и свесна контрола (преку мозокот), со која можеме да ја задржиме или одложиме дефекацијата, односно имаме јасно сознание за празнењето на цревата.

Зачестеноста на дефекацијата кај луѓето изнесува од 3 пати на ден до 3 пати седмично.

Поврзано Апсорпција во дебелото црево и создавање на фецес

Наводи

Категорија:Систем за варење Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ