Детски избор за песна на Евровизија или скратено Детска Евровизија — музичко натпреварување наменето за деца. Се одржува од 2003 година, а натпреварувачите мора да бидат на возраст од 9 до 14 години. Основана е со цел да им се даде можност на младите пејачи пред нивните евентуални настапи на Евровизија. Натпреварувањето е организирано од страна на ЕБУ.

Потекло и историја Потеклото на натпреварувањето датира од 2000 година, кога Данското радио одржало натпревар за избор на песна за данските деца таа година и следната година. Идејата била продолжена на Скандинавскиот фестивал во 2002 година, познат под името МГП Нордик, каде учествувале натпреварувачи од Данска, Норвешка и Шведска. Тоа го инспирирало ЕБУ да ја земе идејата за Евровизија која вклучува деца и отвориле конкурс за сите радиодифузерски членки на ЕБУ што го прави пан-европски настан. Работниот наслов на програмата бил "Евровизија за децата" (Eurovision Song Contest for Children). Веднаш потоа, Данска побарала да биде домаќин на првото издание поради нивното искуство на организирање свои натпревари и МГП Нордик.

По успешното организирање на првиот натпревар, вториот се соочуваал со неколку проблеми со локацијата. Настанот првично требало да биде организиран од страна на британскиот радиодифузер ITV во Манчестер. Меѓутоа подоцна поради финансиски причини, британците се повлекле од организацијата на настанот. Се верува дека за донесената одлука важен бил уште еден фактор, падот на рејтингот на публика. Подоцна, ЕБУ им понудиле на хрватскиот радиодифузер ХРТ, кој победил на натпреварот во 2003, да биде организатор на настанот во Загреб; и покрај тоа што подоцна се покажа дека ХРТ "заборавиле" да резервираат место во кое натпревар би се одржал. Конечно, на пет месеци пред почетокот на настанот, норвешкиот радиодифузер НРК поднесол барање да биде домаќин на натпреварувањето во Лилехамер.

Досегашни учесници

ГодинаДржави дебитанти2003 Белорусија Белгија Хрватска Кипар Данска Грција Латвија Македонија Малта Норвешка Холандија Полска Велика Британија Романија Шпанија Шведска2004 Франција Швајцарија2005 Русија Србија и Црна Гора2006 Португалија Србија Украина2007 Ерменија Бугарија Грузија Литванија2010 Молдавија2012 Албанија Азербејџан Израел2013 Сан Марино2014 Италија Црна Гора Словенија2015 Австралија Ирска 2020 Германија2023 Естонија

Досегашни победници

Година Дата Град домаќин Учесници Победник Песна Изведувач Бодови Втор 15 ноември Копенхаген 16 "Ti si moja prva ljubav" Дино Јелушиќ 134 20 ноември Лилехамер 18 "Antes muerta que sencilla" Марија Исабел 171 26 ноември Хаселт 16 "My vmeste" (Мы вместе) Ксенија Ситник 149 2 декември Букурешт 15 "Vesenniy Jazz" (Весенний джаз) Сестри Толмачеви 154 8 декември Ротердам 17 "S druz'yami" (С друзьями) Алексеј Жигалкович 137 22 ноември Лимасол 15 "Bzz.." Bzikebi 154 21 ноември Киев 13 "Click Clack" Ралф Макенбах 121 20 ноември Минск 14 "Mama" (Մամա) Владимир Арзуманјан 120 3 декември Ереван 13 "Candy Music" CANDY 108 1 декември Амстердам 12 "Nebo" (Небо) Анастасија Петрик 138 30 ноември Киев 12 "The Start" Гаја Каучи 130 15 ноември Марса 16 "Tu primo grande amore" Винченцо Кантиело 159 21 ноември Софија 17 "Not My Soul" Дестини Чукунјере 185 20 ноември Валета 17 "Mzeo" (მზეო) Маријам Мамадашвили 239 26 ноември Тбилиси 16 "Wings" Полина Богусевич 188 25 ноемвриМинск20Полска"Anyone I want to be" Роксана Венгиел215 201924 ноемвриГливице19Полска"Superhero"Вики Габор278202029 ноемвриВаршава12Франција"J’imagine"Валентина200202119 декемвриПариз19"Qami Qami"Малена224Полска202211 декември Ереван16Франција"Oh Maman!"Лисандро203202326 ноемвриНица16Франција"Cœur"Зое Клаузура228202416 ноемвриМадрид17Грузија"To My Mom"Андрија Путкараѕе239202513 декември Тбилиси18Франција"Ce monde"Лу Делез248

Држави домаќини ДомаќинстваДржавиГрадМестоГодина2РотердамАхој2007АмстердамХајнекен музичка сала2012КиевКиевска палата на спортот2009Палас "Украина"2013МарсаMalta Shipbuilding2014ВалетаСредоземен конференциски центар2016МинскМинск Арена2010, 2018ГливицеАрена Гливице2019ВаршаваСтудио 5 во седиштето на ТВП2020ЕреванКарен Демирчјан спортски и концертен комплекс2011, 2022ПаризМузичката Сена2021НицаПалатата Никеја2023ТбилисиОлимпик Палас2017Гимнастичка сала Олимпик Сити20251КопенхагенФорум Копенхаген2003ЛилехамерХаконовата сала2004ХаселтЕтиас Арена2005БукурештПоливалентна сала2006ЛимасолСпирос Кипријану атлетик центар2008СофијаАрена Армеец2015МадридКаха Махика2024

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Мрежното место на ЕБУ