Guns N' Roses (понекогаш познати само по кратенката GN’R) е американска хард рок бенд, формиран во Лос Анџелес, Калифорнија, во 1985 година. Класичната постава, која што потпиша договор со „Гефен Рекордс“ во 1986 се состои од вокалистот Аксел Роуз, соло-гитаристот Слеш, ритам-гитаристот Изи Страдлин, басистот Даф Мекеган и тапанарот Стивен Адлер. Денес, Ексл Роуз е единствениот оригинален член на групата, во која членуваат уште Дизи Рид, клавијатуристот од времето на Use Your Illusion („Искористи ја твојата илузија“), соло-гитаристите Ди Џеј Ашба и Рон „Бамблфут“ Тал, соло и ритам-гитаристот Ричард Фортус, басистот Томи Стинсон, тапанарот Френк Ферер и клавијатуристот Крис Питмен. Бендот има издадено шест студиски албуми, кои имаат достигнато продажба од повеќе од 100 милиони ширум светот, вклучувајќи продажба од 45 милиони во САД.
Една година по издавањето, деби-албумот на Ганс ен роузес Appetite for Destruction („Апетит за уништување“) (1987) достигна до првото место на „Билборд 200“ по заслуга на нивниот хит „Sweet Child o’ Mine“, нивниот единствен сингл кој се искачи на првото место на „Билборд Хот 100“. Албумот се има продадено во успешни 28 милиони копии ширум светот, вклучувајќи 18 милиони продадени во САД, што го направи најдобро продаван деби-албум на сите времиња во САД. Успехот на нивното деби беше проследен со албумот со осум песни GN’R Lies (ГНР лаги) (1988). Дуплиот албум Use Your Illusion I („Искористи ја твојата илузија 1“) и Use Your Illusion II („Искористи ја твојата илузија 2“) (1991) се искачија на второ и прво место на „Билборд 200“ со продажба од вкупно 35 милиони копии ширум светот од кои 14 милиони само во САД. Албумот со преработки The Spaghetti Incident? („Инцидентот со шпагети?“) (1993) беше последниот студиски албум со Слеш и Мекеган. После повеќе од една деценија со работа и повеќе промени во поставата, Ганс ен роузес го издадоа долго чеканиот албум Chinese Democracy („Кинеска Демократија“) (2008), кој е проценет на четиринаесет милиони долари за продукција и тоа го направи најскапиот продуциран албум во музичката индустрија. Достигна до трето место на „Билборд 200“, но ги разочара индустриските очекувања и покрај бројни позитивни критики.
Guns N' Roses ја имаат добиено заслугата за оживување на мејнстрим популарноста на рокенролот, во време кога во популарната музика доминираа денс музиката и поп-металот. Нивните доцни осумдесетти и деведесетти се опишани како период во кој тие потсеќаат на раните „хедонистички бунтовнички“ Ролинг Стоунс. Класичниот состав на бендот, заедно со подоцнежните членови Рид и тапанарот Мет Сорум, за првпат беа внесени во Куќата на Славните на Рокенролот во 2012 година.
Историја
Формирање (1985-1986) Ганс ен роузес беа формирани во март 1985 година од пејачот Ексл Роуз и ритам-гитаристот Изи Страдлин од бендот Холивудска роза (Hollywood Rose), заедно со соло-гитаристот Трејси Ганс, басистот Оле Бајх и тапанрот Роб Гарднер од Л.А. Пиштоли (LA Guns). Бендот дојде до името со комбинирање на имињата на двајца членови од групата. После кратко време, само после неколку свирки, Бајх беше заменет со Даф Мекеган, како и отсуството на пробите на Ганс доведе до негово заменување со Слеш. Наскоро се откажа и Гарднер и го заменија со Стивен Адлер. Страдлин претходно имаше свирено со Слеш во „Холивудска роза“ (Hollywood Rose), додека Слеш имаше свирено со Мекеган и Адлер во „Патна екипа“ (Road Crew).
Во јуни 1985 година, само по четири дена откатко составот беше комплетиран, бендот тргна на кратка, неорганизирана турнеја на западниот брег од Сакраменто, Калифорнија, до родниот град на Мекеган - Сиетл, Вашингтон. Таканаречената „Пеколна турнеја“ ја цементира првата стабилна постава на бендот и Мекеган подоцна искоментира:
Со нивното зголемено присуство и свирки на холивудската клупска сцена, во прочуени барови како „Трубадур“ (The Troubadour) и „Рокси“ (The Roxy), Ганс ен роузес го привлекоа вниманието на големи продуцентски куќи. Потпишаа договор со Гефен Рекордс во март 1986 година и добиле 75 000 долари однапред. Во декември истата година тие го издадоа дискот „Живо ?!*@ како самоубиство“ (Live ?!*@ Like a Suicide) кое содржи четири песни, за да го задржат интересот за живи настапи на бендот, а во меѓувреме се повлекоа од клупската сцена за да работат во студио. ЕП ги содржеше преработките „Nice Boys“од Розова тетоважа и „Mama Kin“ од Аеросмит, заедно со две оригинални композиции – панк химната „Reckless Life“ и инспирирана од класичниот рок „Move to the City“. Иако тој е направен како жив албум, четирите песни беа земени од демо-снимки на бендот и врз нив беше снимена врева од публика. „Живо ?!*@ како самоубиство“ (Live ?!*@ Like a Suicide) беше издаден во филијалата на „Гефен“ „Узи самоубиство“, со ограничена продукција до 10 000 винил копии.
Appetite for Destruction и G N' R Lies (1987-1989) Деби албумот на Ганс ен роузес „Appetite for Destruction“ беше издаден во јули 1987 година. Омотот на албумот беше сменет откако оригиналниот дизајн од Роберт Вилијамс, кој претставуваше нереалистична сцена во која чудовиште со ножеви наместо заби напаѓа робот-силувач, беше оценет како преконтроверзен. Новиот омот беше дизајниран од Бил Вајт, тетовирач, кој оригинално ја дизајнира тетоважата која Роуз ја направил минатата година. Сликата ги содржеше черепите на сите членови од бендот на крст. Роуз подоцна инсистирал златната и платинската плоча да го содржат оригиналниот омот, кој можат да се најдат во внатрешниот дел на дискот.
Во САД, „Welcome to the Jungle“ беше издадена како прв сингл на албуми, со видео запис. Отпрвин, албумот и синглот се одолговлекуваа скоро една година без никаков успех, но кога основачот на Гефен, Дејвид Гефен, го замолија за поддршка на бендот, тој ги убеди уредниците на ЕмТиВи да го пуштат спотот за „Welcome to the Jungle“ на паузата меѓу емисиите. Иако спотот беше пуштен еднаш во 4 часот наутро во недела, хард рок и хеви метал обожавателите го погледнаа и почнаа да го бараат се почесто. Песната беше земена во филмот со Валканиот Хери „The Dead Pool“ од 1988 година, во кој глумеше Клинт Иствуд и членовите на бендот исто така учествуваа во една сцена на филмот.. "Jungle was re-released as a single and came out in the same months as the latest Dirty Harry movie 'The Dead Pool'. Featuring Guns' in a cameo role playing at a club in Miami."
„Sweet Child o’ Mine“ беше втор американски сингл на бендот. Тоа е љубовна песна препеана од поема која Роуз ја напишал за неговата тогашната девојка Ерин Еверли, ќерка на Дон Еверли од Браќата Еверли. Со оглед на големиот успех на бендот, нежната „Sweet Child o’ Mine“ и видео записот за неа беа многу емитувани на радио и на ЕмТиВи, песната стана голем хит за летото 1988 година и се искачуваше на врвот на топ-листите во САД. Слеш подоцна изјавил:
Песната беше издадена во Јапонија како дел од дискот „Во живо од џунглата“ (Live from the Jungle). Исто така се најде и на некои живи снимки од настапи на бендот во јуни во 1987 година во „Марки“ (The Marquee) во Лондон, кои беа први настапи на бендот надвор од САД. По успехот на „Sweet Child o’ Mine“, „Welcome to the Jungle“ беше повторно издадена како сингл и достигна до седмото место во САД. Кога „Paradise City“ и нејзиниот видео спот почна да се емитува, стигна на петтото место во САД, „Апетит за уништување“ се искачи на првото место на „Билборд 200“. Досега, албумот се има продадено во над 30 милиони копии ширум светот, од кои 18 милиони во САД, и со тоа тој е најпродаваниот деби-албум на сите времиња во САД.
Ганс ен роузес почнаа се почесто да одат на турнеи со нивниот деби-албум, со турнејата „Апетит за уништување“ долга 16 месеци. Освен концертите на кои беа ѕвезди на вечерта, бендот беше и предгрупа на „Култ“ (The Cult), Мотли Кру (Motley Crue) и Алис Купер (Alice Cooper) во Северна Америка во втората половина од 1987 година. Следната година тие беа ѕвезди на вечерта на турнеите во САД, Јапонија и Австралија, и свиреа како предгрупа за „Ајрон Мејден“ (Iron Maiden) и „Аеросмит“ (Aerosmith).. "In May, Guns N' Roses began opening the show for Iron Maiden." Тогашниот менаџер на Аеросмит, Тим Колинс, изјави:
Наредниот албум на Ганс ен роузес, „G N' R Lies“, беше издаден во ноември 1988 година. Ги содржи четирите снимки од нивниот диск „Живо ?!*@ како самоубиство“ (Live ?!*@ Like a Suicide ) од 1986 година, како и четири нови акустични песни. „Трпение“ (Patience), едниствениот сингл од „ГНР лаги“, кој достигна до 4 место во САД, додека самиот албум стигна до 2 место на „Билборд 200“. „Една во милион“ (One in a Million) предизвика обвинувања за расизам и хомофобија. Роуз одрече дека е расист и неговата употреба на расистичка клевета со изјавата дека „тоа е збор да опишиш некој кој те нервира е проблем. Зборот „црнец“ (nigger) не мора да значи навреда за црните луѓе“, иако тој подоцна призна дека го користел зборот како навреда за црните луѓе кои се обидуваче да го ограбат. А како одговор за обвиненијата за хомофобија, Роуз изјавил дека се смета себеси за „про-хетеросексуалец“ и за овој став го обвинувал „лошото искуство“ со геј мажи.
Концертите во доцните 80-ти години не беа само за настапот на бендот. Во текот на еден настап во ноември 1987 година во Атланта, Роуз нападнал некој од обезбедувањето и беше задржан зад сцената од полицијата, додека останатиот дел од групата продолжиле да свират а некој придружник на турнејата пеел. Во текот на два настапи во август 1988 година во државата Њујорк, скоро избувнале бунтови. На фестивалот „Чудовиштата на рокот“ (Monsters of Rock) во Англија, истиот месец, два обожаватели беа прегазени до смрт во шутките во публиката. На првата од четирите концерти во октомври 1989 година кога бендот беше предгрупа на „Ролинг Стоунс“ во Колосеумот во Лос Анџелес, Роуз изјавил дека ова ќе бидат нивни последни настапи ако одредени членови од бендот не престанат да „танцуваат со г-дин Браунстоун“, го употребил тоа со името на нивна песна а се однесува за хероин. Ваквите настани му го дадоја прекарот „Најопасниот бенд на светот“ на Ганс ен роузес.
Искористи ја твојата илузија и The Spaghetti Incident? (1990-1993)
Use Your Illusion I и II Во 1990 година Ганс ен роузес се вратија во студио за да почнат со најамбициозното снимање дотогаш. За време на снимањето на сесиите на „Граѓанска војна“ (Civil War), тапанарот Стивен Адлер не беше во состојба да свири добро поради борбата против зависноста од кокаин и хероин – неговите тешкотии во студио го натераа бендот да направи околу 30 снимки. Како резултат на тоа, Адлер беше отпушен на 11 јули 1990 година. а го замени тапанарот Мет Сорум, кој кратко време свиреше со „Култ“ (The Cult) и за кој Ексл рече дека го спаси бендот.
Еден интервјуер сугерираше на тоа дека замената на Адлер со Сорум ги претвори Ганс ен роузес од рокенрол во хеви метал бенд. На тоа Страдлин одговорил: „Да, голема музичка разлика. Првиот пат кога разбрав што Стив направи за бендот беше кога си ја скрши раката во Мичиген. Проба да го скрши ѕидот и си ја скрши раката. И го заменавме со Фред Кори од „Синдерела“(Cinderella) за свирката во Хјустон. Фред отсвири технички добро и смирено, но песните звучеа ужасно. Тие беа напишани со свирењето на Стив и негов стил беше „туркање и влечење“ што им даваше на песните уникатно чувство. Кога тоа ќе го немаше, беше едноставно... неверојатно, чудно. Ништо не беше како што треба. Јас сакав да продолжиме со Стив, но тој немаше свирено веќе две години и не можевме да чекаме повеќе. Не можеше Слеш да го разубеди Стив. Тој не беше подготвен да се исчисти.“
Неколку месеци претходно, Дизи Рид стана шест член на групата кога им се придружи како стален член. Бендот го отпушти нивниот менаџер, Алан Нивен, заменувајќи го со Даг Голдстајн во мај 1991 година. Според статија од списанието „Ролинг стоун“ во 1991 година, Роуз го засили отпуштањето на Нивен (наспроти волјата на некои од неговите другари од групата) со тоа што не ги заврши албумите додека тој не беше заменет.