thumb|300px|right|Томас Хаксли. thumb|300px|right|Илустрација од корицата на делото на Хаксли Evidence as to Man’s Place in Nature (1863), на која се споредуваат скелетите на мајмуните и човекот. Томас Хенри Хаксли (анг. Thomas Henry Huxley; 4 мај 1825 — 29 јуни 1895) бил англиски зоолог, популаризатор на науката и заштитник на еволуционата теорија на Чарлс Дарвин (за своите жестоки полемики го добил прекарот „булдогот на Дарвин“). Член (од 1883 до 1885 претседател) на Кралското друштво. Во 1890 година е награден со почесниот Линеов медал за продолжување на линеовите традиции во современата биологија.

Работа

Неговите полиња на интерес биле поврзани со споредбената анатомија и можностите за нивна еволуциона интерпретација. Најдобро е познат по неговите дебати со Ричард Овен по прашањето за степенот на анатомска блискост на човеколиките мајмуни и човекот (илустрацијата од неговата работа за местото на човекот во природата долго време останала популарен симбол за дарвиновата теорија и прототип за многу слични илустрации и карикатури). Томас Хаксли ја бранел независноста на професионалната наука, изградена врз принципите на материјализмот. За да го опише својот однос кон господаречкото религиозно верување, тој го вовел поимот агностицизам.

Семејство

Хаксли бил основач на цела династија од видни англиски учени и културни дејатели. Негови внуци биле писателот Олдос Хаксли, сер Џулијан Хаксли (познат еволуциски биолог, првиот директор на УНЕСКО и основач на Светскиот фонд за дивата природа) и сер Ендрју Хаксли (физиолог и Нобеловски лауреат).

Награди

Дарвинов медал

Надворешни врски

The Huxley File at Clark University Thomas Henry Huxley; A Sketch of his Life and Work, by P. Chalmers Mitchell, 1900, from Project Gutenberg An examination of the evidence for what was really said by Wilberforce and Huxley in the 1860 debate on Darwinism.

Категорија:Англиски биолози Категорија:Еволуционисти Категорија:Членови на Кралското друштво Категорија:Претседатели на Кралското друштво Категорија:Родени во 1825 година Категорија:Починати во 1895 година Категорија:Носители на Коплиевиот медал Категорија:Носители на Кралскиот медал Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Членови на Гетингенската академија на науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон