Катерина Арагонска (шпански: Catalina de Aragón y Castilla, 16 декември 1485 – 7 јануари 1536, се нарекувала и Катарина) била принцеза на Велс, како сопруга на Артур, принцот од Велс, и кралица на Англија, како првата сопруга на кралот Хенри VIII од Англија. Шест месеци била и регент на Англија, додека Хенри VIII бил во Франција. Во тој период, англичаните победиле во Битката кај Флоден, настан во кој Катерина имала важна улога. Контраверзната книга Образованието на христијанските жени од Хуан Луис Вивес, во која се тврдело дека жените имаат право на образование, била посветена нo и одобрена од Катерина.

Желбата на Хенри VIII да го поништи својот 24-годишен брак, предизвикала низа настани кои довеле до одделување на Англија од Римската црква. Хенри бил незадоволен, бидејќи нивните синови не го преживеале детството, а имале и мртвороденчиња, со што Мери I од Англија станала единствената престолонаследничка. До тој период, жена никогаш не седнала на престолот, иако не постоел никаков закон против тоа. Кога папата Климент VII одбил да го поништи бракот, Хенри му се протиставил со тоа што станал врховник на црквата во Англија. Со ова успеал да се ожени со Ана Болејн без одобрението од папата, надевајќи се дека така ќе успее да добие машки престолонаследник. Катерина никогаш не го прифатила Хенри како врховник на црквата и се сметала себеси, како што мислел и остатокот од Англија и Европа, за вистинската сопруга на Хенри VIII.

Детство thumb|лево|Катерина Арагонска претставена како Марија Магдалена од Мајкал Ситов

Кетрин се родила на 16 декември 1485 год. во Алкала де Енарес, Мадрид. Таа била најмладото дете на Фердинанд II Арагонски и кралицата Изабела I Кастиљска кое го преживеало детството. Катерина била ситна во нејзината градба<ref>Antonia Fraser,The Wives of Henry VIII', p.24</ref>, со златно-костенлива коса, големи сини очи, тркалезно лице и блед тен.Alison Weir, The Six Wives of Henry VIII,15 Денес постојат многубројни портрети кои ја прикажуваат во нејзиното детство и тинејџерските годиниHand & Wolff, 231-4 Google books. Таа е потомок, од страна на мајка си, од Англиското кралство, бидејќи нејзината прабаба Кетрин од Ланчестер, од каде потекнува и нејзиното име, и нејзината пра-прабаба Филипа од Ланчестер биле ќерки на Џон од Гент и внуки на Едвард III од Англија. Всушност, следејќи ја оваа лоза, Кетрин му била трета братучетка на својот свекор, Хенри VII, и четврта братучетка на нејзината свекрва, Елизабета Јоршка.

Била подучувана од тутор, Алесандро Гералдини, кој бил службеник во редовите на црквата. Катерина учела за религијата, класиците, латинската историја, канонот и граѓанското правоAntonia Fraser, The Wives of Henry VIII',p.12</ref>. Таа била образована во духот на религијата, и развила голема љубов кон верата која понатаму ќе игра важна улога во нејзиниот живот.Weir, p.20 Таа научила да зборува, чита и пишува на шпански и латински, а зборувала и француски и грчки. Исто така, учела работи поврзани со домаќинството како што се: изработување гоблени, шиење, везење, музика и танцување. Подоцна, големиот научник Еразмо, изјавува дека Катерина „...сакаше добра литература која ја проучуваше уште од детството“.Maria Dowling,Humanism in the age of Henry VIII(Published 1986), p.17

Уште од мала, Катерина се сметала за соодветна сопруга на Артур, принцот од Велс, најстариот син на Хенри VII од Англија и наследник на престолот, поради нејзините истакнати англиски предци од страна на мајка ѝ, Изабела I Кастиљска. Од страна на мајка ѝ, Катерина имала предци на англискиот престол преку првите две сопруги на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер. Првата била Бланш од Ланчестер, а втората, шпанската инфанта, Констанца од Кастиља, преку кои Џон сакал да го преземе кралството Кастиља. Од друга страна, Хенри VII од Англија, бил потомок од бракот на Џон со третата сопруга, Кетрин Свинфорд, чии деца биле родени надвор од бракот и признаени по смртта на Констанца и бракот меѓу Џон и Кетрин. Децата на Џон и Кетрин, и покрај тоа што биле веќе признаени, не можеле да го наследат англискиот престол. Поради ова, династијата Тјудор не била прифатена од сите кралства во Европа. Во тоа време, династијата Трастамара била најценетата поради владетелите кои биле големи католици. Поради ова, бракот меѓу Кетрин и Артур ја озаконил династијата Тјудор во очите на останатите европски кралства и ја зацврстила фамилијата Тјудор на престолот поради предците на Катерина Арагонска. Доколку постоел машки наследник, фамилијата Тјудор би имала неоспорен владетел на Англија. На 19 мај 1499 година, Кетрин и Артур биле венчани одделно, а се допишувале на латински сè додека Артур не наполнил 15 години. На таа возраст било одлучено дека тој е доволно возрасен да стапи во брак.

Сопруга и вдовица на Артур thumb|left Двојката за првпат се сретнала на 4 ноември во Догмерсфилд, Хамшир. Не се знае многу за нивните први впечатоци, но Артур им напишал на родителите на Катерина дека ќе биде „вистински и добар сопруг“ и кажал на своите родители дека е неизмерно среќен што го „допрел лицето на својата прекрасна сопруга“. Тие бргу сфатиле дека не можат да зборуваат меѓусебе, бидејќи научиле различен изговор на латинскиот јазик.<ref>Antonia Fraser, The Wives of Henry VIII', p.25 По десет дена, на 14 ноември 1501 година, тие се венчале во катедралата Св. Павле. Откако се венчале, Артур го испратиле во замокот Лидлоу, кај границата на Велс, за да го надгледува советот на Велс, бидејќи тоа била негова должност како принц на Велс. Бил придружуван од неговата невеста. По неколку месеци, двајцата се разболеле. Тој починал на 2 април 1502 година.

Во тој момент, Хенри VII требало да го врати нејзиниот мираз кај татко ѝ. За да се избегнат компликациите, се договориле Катерина да се омажи за вториот син на Хенри VII, Хенри, војводата од Јорк, кој бил пет години помлад од неа. Меѓутоа, со смртта на мајката на Катерина, нејзината вредност во бракот опаднала. Кастиља било многу поголемо кралство од Кралството Арагон кое го наследила нејзината ментално заостаната сестра, Јоана. Наводно, бракот бил одложен додека Хенри не порасне, но Хенри VII толку многу го оддолжувал поради неплатениот мираз, што не било сигурно дали воопшто ќе се случи бракот. Таа живеела како затвореник во Куќата Дурхам во ЛондонWilliams, p.15. Некои од нејзините писма напишани за татко ѝ во кои се жали за условите во кои живее, постојат и денес. Таа имала малку пари и се трудела да соработува бидејќи требало да мисли и за добросостојбата на своите придружнички.

Бракот со братот на Артур зависел од добивањето ослободување од папата поради блиската врска. Катерина сведочела дека нејзиниот брак со Артур никогаш не бил конзумиран. Во тоа време, таа работа не била толку важна, бидејќи папата ја имал моќта да ги одбие сите приговори, без разлика дали имаат или немаат религиска основа.

Кралица на Англија (1509 – 1536)

Вториот брак на Катерина се случил на 11 јуни 1509 година, седум години по смртта на Артур. Таа тогаш се омажила со веќе крунисаниот Хенри VIII на приватна церемонија одржана во црквата Гринич. Таа имала 23 години, а кралот речиси 18.

Крунисување

На 23 јуни, сабота, вечерта пред крунисувањето во Вестминстер, имало голема и весела толпа. Како што бил обичајот, ноќта ја поминале во Кулата во Лондон. На 24 јуни 1509 во недела, Хенри VIII и Катерина Арагонска биле крунисани заедно од архиепископот на Кантербури за време на раскошната церемонија во Вестминистерската катедрала. По крунисувањето имало банкет во салата на Вестминистер.

Брак

На 31 јануари 1510 година, Катерина родила мртвороденче. Синот Хенри, војводата на Корнвал, се родил на Нова година, 1511 година. Тој починал по само 52 дена. Во 1513 година Катерина повторно забременила. Хенри ја назначил за регент кога тој заминал за Франција за некој воен поход. Кога Шкотланѓаните извршиле напад, Катерина им нанела пораз во Битката кај Флоден. Катерина му испратила писмо на Хенри, заедно со крвавото палто на кралот на Шкотланѓаните, Џејмс IV од Шкотска, кој умрел за време на битката.

Катерина изгубила уште еден син кога Хенри се вратил од Франција. Или било мртвороденче или умрело по кратко време откако се родило. Во ноември 1514 година таа родила уште едно мртвороденче. На 18 февруари 1516, Кетрин родила здраво женско дете. Ја нарекле Мери и ја крстиле три дена подоцна на голема церемонија во црквата на Капуцинерите. Во 1518 година Катерина останала бремена за последен пат. На 10 ноември родила ќерка, но бебето по само неколку часа починало. Вкупно, Катерина била бремена шест пати.

Со текот на годините, интересот на Кетрин за религијата и науката се зголемиле. Таа продолжила да го зголемува своето знаење, а обезбедувала и обука за својата ќерка. Образованието на жените станало модерно, особено поради влијанието на Катерина. Исто така, таа донирала огромни суми на пари во некои колеџи. Сепак, Хенри продолжил да мисли дека најважно е да добие машки наследник. Династијата Тјудор била нова, и нејзината легитимност сѐ уште не била докажана. Последниот пат кога жена седела на престолот (ќерката на Хенри I, кралицата Матилда) избувнала граѓанска војна која траела многу долго. Ужасите од Војната на розите сѐ уште се чувствувале.

Во 1520 година, внукот на Катерина, Карло V, светиот римски цар, пристигнал во посета на Англија. Таа го терала Хенри да стапи во сојуз со Чарлс а не со Франција. Веднаш по неговото заминување, Катерина и Хенри заминале на прослава во Франција кај Франсис I. Во рок од две години, Англија објавила војна на Франција и императорот повторно бил добродојден во Англија. Имало и планови за венчавка меѓу него и ќерката на Катерина, Мери.

Пресврт во кралството thumb|left|Портрет од последните години на Катерина thumb|Катерина и нејзината ќерка Мери, никогаш Ана не ја прифатиле како кралица Во 1525 година Хенри се заитересирал за Ана Болејн, придружничка на кралицата Катерина, која била околу 10 или 17 години помлада од Хенри (не се знае нејзината точна дата на раѓање). Во тој период, Катерина не можела повеќе да раѓа деца. Хенри започнал да верува дека неговиот брак е проколнат и барал утеха во Библијата.Scarisbrick, p.154. Тој протолкувал дека во Библијата е напишано дека доколку некој се ожени со вдовицата на својот брат тогаш никогаш нема да имаат деца. Иако нејзиниот брак со Артур не бил конзумиран (Катерина тврдела до крајот на својот живот дека се омажила за Хенри како девица), грубото толкување на тој дел од Библијата значело дека нивниот брак бил погрешен во очите на Бога. Прашањето дали папата во времето на свадбата меѓу Хенри и Кетрин имал право да го отфрли тој пасус, ќе стане главната причина за барање поништување на бракот пред новиот папа. Можно е идејата за поништување да му била предложена на Хенри многу порано и веројатно го сакал тоа поништување поради големата желба за син. Пред престолот да биде наследен од таткото на Хенри, Хенри VII, во Англија беснееле војни за превласт на престолот и можеби поради оваа причина, Хенри сакал да избегне слична несигурност со наследувањето на круната.

Наскоро, единствената желба на Хенри станала добивање на тоа поништување. Кога ѝ предложиле на Кетрин да се повлече во манастир таа одговрила дека „...Господ никогаш не ме повика во манастир, јас сум вистинската сопруга на кралот“. Хенри поднел молба до Светиот престол, независно од кардиналот Томас Вулзи, кој не го ни известил за своите планови. Вилијам Најт, секретарот на кралот, бил испратен кај папа Климент VII да бара поништување, бидејќи наводно одобрението од папа Јулиј II било добиено со измама.