алт=Карта на Кралството Македонија со Едонис сместена во источните области на кралството.|мини|Карта на Кралството Македонија со Едонис сместена во источните области на кралството. Едонија била античка област меѓу устието на реките Стримон и Места, населена од Едонци и од Пиеријци, кои, во времето кога се шири македонската држава, се преселуваат од Пиерија кај Термајскиот Залив во подножјето на планината ПангајThe Peloponnesian War (The Landmark Thucydides edition, Robt. B. Strassler, editor), Touchstone, New York, 1998, sec. 1.100 and 4.107, and maps 1.99 and 4.106. Оваа област е богата со рудно богатство, дрвена граѓа, стока, жито и риба. Пред освојувањето на Филип II Македонски во 357 п.н.е., во голем број градови живееле хеленски колонисти. Градовите Амфипол и Филипи претставувале големи економски и културни центри во антикатаФ. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957.
Наводи
Категорија:Области во Античка Македонија