Културна Македонија бил прв весник за култура во слободна МакедонијаД-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 434–436. Се издавал во Битола во периодот од 15 мај 1944 до 5 јануари 1945 година. Директор бил Кирил В.Ташков, а одговорен уредник Душко Хр. Константинов. Објавени се вкупно три броја. Во третиот број како директор е наведен Методија Лепавцов, а уредници Ташков и Константинов. Содржел општообразовни и написи од минатото на Битола, забавни содржини и хумор. Уште во првиот број, во написот „Соединен народ - светла иднина“ се залага за обединета Македонија: „Македонскиот народ не бара чуждо, туку сака да ги обедини сите свои земји кај што живејат Македонци и кај што тупка македонско срце. Со тој идеал в срце денес треба да живеј секој Македонец“Д-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 132.

Наводи

Категорија:Македонски списанија Категорија:Македонија во НОБ Категорија:Појавено во 1944 година во Македонија