thumb|200px|десно|Каменот од Розета Преведување — толкување на значењето на текстот и на следниот резултат на еквивалентниот текст и ја пренесува истата порака на друг јазик. Текстот кој се преведува се нарекува „изворен текст“ и јазикот на кој се преведува се нарекува „целен јазик“; крајниот резултат понекогаш се нарекува „целен текст“.

Во преведувањето мора да се земат предвид нелогичностите вклучени во содржината, граматички правила на двата јазика, нивните обичаи на пишување, и нивните идиоми. Вообичаено недоразбирање е дека постои едноставно поклопување од збор до збор помеѓу двата јазика и дека тоа преведување е едноставен механички процес, таков буквален превод сепак не може да ги земе предвид содржината, граматиката, нелогичностите и идиомите.

Преведувањето е проследено со можноста за „проширување“ на идиомите и употребите на еден јазик во друг откога двата јазика коегзистираат во умот на преведувачот. Такво проширување лесно создава јазичарички комбинации како на пример: „франглез“ (комбинација од француски и англиски), „шпанглез“ (шпански и англиски), „поглез “(полски и англиски) и „портуњол“ (португалски и шпански).

Од друга страна, меѓујазичните слевања, исто така, служат за корисна намена на префрлање на преведуванки и заемки од „изворен“ во „целен јазик“, на што претходно му недостасувал концепт или нелогично искажување. Преведувачите, толкувачите, професионалци како и аматери, на тој начин имаат важна улога во развојот на јазиците и културите.

Уметноста на преведувањето е стара колку и пишаната литература. Делови од сумерскиот Еп за Гилгамеш, еден од најстарите познати книжевни дела, бил преведен на неколку азиски јазици во II милениум п.н.е. Епот веројатно бил читан и од раните автори на Библијата и Илијадата, на нивен мајчин јазик.

Со појавата на сметачите биле направени обиди да се автоматизира преведувањето на текстовите на природен јазик (машинско преведување) или да се користат сметачите како помагало при преведувањето (сметачки-потпомогнато преведување).

Потекло на поимот Етимолошки „преведувањето“ означува пренесување, односно носење преку. Зборот транслација, односно, преведување, потекнува од латинскиот збор , кои заедно означуваат „пренесување“ или "преведување").

Германските јазици (освен холандскиот) и словенските јазици исто така се засноваат на овие латински извори.Christopher Kasparek, "The Translator's Endless Toil", стр. 83.

Од грчкиот термин метафразис (грчки: μετάφρασις), кој означува преведување, потекнува поимот „метафраза“, односно, буквален превод или преведување од збор до збор, за разлика од грчкиот збор парафразис (на грчки: παράφρασις) од кој потекнува терминот „парафраза“, односно, „кажување нешто исто но со други зборови“.Kasparek, "The Translator's Endless Toil", p. 84.

Недоразбирања Почетници, односно аматери во преведувањето понекогаш кон него приоѓаат како тој да е некаква „прецизна“ наука, доследна, без да ги земат предвид поединечните корелации кои постојат помеѓу зборовите и фразите на различни јазици,- приод како во криптографијата. Таквите почетници веројатно претпоставуваат дека сè што е потребно да се преведе еден текст е тоа да се „енкодираат“ (шифрираат) или “декодираат“ еквивалентите помеѓу двата јазика, користејќи речник како „клуч за дешифрирање“.

Напротив, таква постојана врска би постоела само ако некој нов јазик е синтетизиран и истовремено складен со претходните домени на значењето на јазикот, етимологиите и лексичките сегменти. Но и кај новиот јазик нема криптографската примена, бидејќи постепено зборот ќе почне да поприма нови нијанси на значење и ќе се отфрлат претходните асоцијации токму поради самата дијахронична улога на секој јазик. Токму затоа криптографијата и преведувањето се две сосем различни дисциплини.

Друго вообичаено недоразбирање е дека секој кој може да зборува втор јазик е добар преведувач. Во доменот на преведувањето генерално се прифаќа дека најдобрите преведувачи се луѓе кои преведуваат на нивниот мајчин јазик, добро го разбираат изворниот јазик,имаат специфично искуство од домен на тој јазикот и добро го владеат целниот јазик, особено во однос на лексиката и правописот. Освен тоа, добрите преведувачи не се само двојазични, туку се и двокултурни.

Постои дебата дали преведувањето е уметност или вештина. Книжевните преведувачи при расправата сметаат дека преведувањето е уметност како и пишувањето, односно дека е творештво за кое е потребна дарба. Другите преведувачи (кои се занимаваат со технички, комерцијални и легално-правни, односно, судски преводи) сметаат дека нивната работа е вештина која се учи (односно, занает).Сепак, дури и документ кој изгледа едноставен како на пример некоја декларација на производи, бара одредено ниво на јазичарички способности што ја надминува само техничка терминологија. Затоа, најдобрите преводи се добиваат преку комбинираната употреба на владеење со техничката терминологија и способности во пишувањето.

Преведувањето послужило како школо за пишување на многу истакнати писатели. Преведувачите, вклучително и првите европски преведувачи на Библијата, во текот на нивната работа ги оформиле јазиците на кои преведувале.Тие биле мостови за пренос на познавања и идеи помеѓу културите и цивилизациите. Заедно со идеите, тие во својот јазик пренесувале заемки, цели граматички структури, идиоми и го збогатувале вокабуларот на целниот јазик, црпејќи од изворниот.

Толкување

Толкувањето односно интерпретирањето,е интелектуална активност што се состои од усна или јазична комуникација,силмултано или консекутивно, меѓу двајца или троја соговорници кои не зборуваат на истиот јазик.

Зборовите толкување е општоприфатен во професионалните и преведувачките студии со цел да се избегне мешање со другите значења на зборот интерпретирање, односно “интерпретација“.

На некои јазици, како во македонскиот, францускиот, англискиот и др. јасна е дисктинкцијата меѓу пишаниот превод (на македонски: преведување, на англиски: translation, француски traduction) и усното преведување (на македонски: толкување, на англиски, француски: interpretation).

Толкувачите одиграле значајни улоги во историјата. Прв пример е Ла Малинче, исто така позната и како Малинцин, Малинали и Доња Марина, жена од раниот 16 век, припадничка на индијанското племе Нахуа од Мексиканскиот Залив. Како дете таа била продадена или дадена на мајанските трговци со робови и така станала двојазична. Дадена заедно со другите жени на шпанските конквискадори станала инструмент во шпанското освојување на Мексико, во улога на толкувач, советник, посредник и љубовница на Ернан Кортес.Hugh Thomas, Conquest: Montezuma, Cortes and the Fall of Old Mexico, New York, Simon and Schuster, 1993, pp. 171-72.

Приближно три века подоцна, во САД, слична улога на толкувач за експедициите на Луис и Кларк во 1804–6 одиграла Сакагавеа. Како дете, жената од Шошон била киднапирана од Индијанците Хидаца и станала двојазична. Сакагавеа ги олеснувала експедициите низ континентот на Северна Америка кои се протегале до Тихиот Океан. Четири децении подоцна, во 1846, Тихиот Океан станал западна граница на Соединетите Држави.

Точност наспроти јасност thumb|right|200px|Џон Драјден Дискусиите за теоријата и практиката на преведувањето се воделе уште во античко време. Старите Грци правеле разлика меѓу метафразата (буквален превод) и парафразата. Оваа дистинкција ја прифатил и англискиот поет и преведувач Џон Драјден (1631–1700), кој преведувањето го опишал како мешавина на овие два начина преку селектирање на еквиваленти во целниот јазик за изразите користени во изворниот:

Точноста, односно верност, и јасноста се две одлики што во минатиот милениум се сметале за идеали во преведување, особено за книжевното преведување. Овие два идеала честопати се во контрадикција. Па така, во 17 век, Француските критичари ја создале фразата „“ за да им укажат на преведувачите дека преводите, исто како и жените, можат да бидат или верни или убави, но не и двете нешта истовремено.Францускиот филозоф и писател Жил Менаж (1613-92) коментирал за преводите на хуманистот Перо Никола Дабланкур (1606-64): ("Ме потсетуваат на една жена која многу ја сакав во Тур, која беше убава, ама неверна.") Quoted in Amparo Hurtado Albir, (The Idea of Fidelity in Translation), Paris, Didier Érudition, 1990, стр. 231.

Верноста се однесува на степенот на кој преводот прецизно го пренесува значењето на текстот на изворниот јазик, без додавање или одземање од истиот, без засилување или намалување на некој дел од значењето и притоа без негово изобличување.

Јасноста се однесува на степенот колку преводот изгледа како да е пишуван на јазикот на кој бил пренесен текстот при што се приспособува граматиката, синтетичките и идиоматските обичаи.

thumb|десно|200px|Мартин Лутер ја превел Библијата на германски јазик За преводот што го исполнува првиот критериум се вели дека е верен превод; а преводот кој го исполнува вториот е идиоматски превод. Двете одлики меѓусебно се исклучуваат.

Критериумите за верноста на квалитетот на преводот се прецизноста на оригиналната содржина, видот, функцијата и примената на текстот, неговите литературни одлики, неговата социјална и историска содржина и така натаму.

Критериумите за процена на јасноста на преводот се поедноставни: неидиоматскиот превод едноставно „звучи грешно“ и во краен случај, при буквалното преведување од зборот до збор (произведено од системи за машинско преведување), преводот звучи сосем нелогично.

Најчесто, преведувачите на религиозни текстови се држат колку што е можно поблиску до изворниот текст додека пак оние книжевните честопати намерно ги пречекоруваат границите на јазикот со цел за да произведат идиоматски превод. Честопати, кога термините што постојат во некој изворен јазик не постојат во целниот, истите биле позајмувани со што целниот јазик се збогатувал. Поголем проблем при преведувањето претставуваат културните концепти кои немаат еквиваленти во целните јазици.Примери за ова се опишани во написот на англиски јазик "Translating the 17th of May into English and other horror stories" , retrieved 2010-04-15. .

thumb|десно|200px|Цицерон Цицерон и Хорациј, уште во 1 век п.н.е. се изјаснувале против преведувањето „од збор до збор“ (). Денешната практика е слична на онаа во антиката. Освен некои екстремни метафрази во раниот христијански период и во средниот век : Преведувачите главно покажувале флексибилност во барањето на вистинската формула главно водејќи се по следново: „буквално“ онаму каде што тоа е можно, адаптирано онаму каде што тоа е потребно.

Францускиот преведувач, историчар и теоретичар на преведувањето Антоан Берман (1942–1991) препознал 12 тенденции на изобличување својствени за повеќето преведувачи на прозни текстови (рационализација, појаснување, проширување, облагородување, квалитативно осиромашување, квантитативно осиромашување, уништувањето на ритамот, уништувањето на основните мрежи на значење, уништувањето на јазичните шаблони,уништувањето на изрази и идиоми и др.). Германскиот теолог и филозоф Фридрих Шлајермахер во своето епохално предавање „Различните методи на преведувањето“ (1813) направил разлика помеѓу методите на преведување што го насочуваат „авторот кон читателот“, односно јасноста, и оние кои го насочуваат „читателот кон авторот“, односно екстремната верност на изворниот текст.

Адаптираното преведување се применувало во некои незападни традиции. Токму затоа индискиот еп Рамајана се појавува во многу верзии на различни индиски јазици а притоа, во секоја верзија и приказните се различни. Сето тоа се должело на слободата која си ја земале преведувачите при преносот од изворниот текст. Слични примери на адаптација можат да се најдат и во средновековната христијанска литература која ги прилагодувала текстовите согласно обичаите и вредностите на публиката.

Еквиваленција