Приклучувањето на Македонија кон ЕУ е на агендата за идното проширување на европската унија уште од 22 март, 2004 година, кога е поднесена апликацијата за прием во унијата. На 9 ноември, 2005 година, Европската комисија на Македонија решила да ѝ додели статус на кандидат. Така, на 17 декември, 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија ѝ доделило статус на кандидат за членство во Европската Унија. Следејќи го примерот на сите земји членки кои го поминале процесот на приклучување, бргу по доделувањето на кандидатскиот статус, државите ги започнале преговорите за приклучување. Сепак, поради низа проблеми во надворешната политика, пред сè спорот со името со соседна Грција, Почетокот на преговорите беше официјално започнат на 19 јули 2022 година.

Хронологија на односите со ЕУ

Временска рамкаДатумНастан Октомври, 1992 Република Македонија назначува свој претставник во Брисел, согласна да го користи „поранешна Југословенска“ пред уставното име („Република Македонија“) во билатералните спогодби. 22 декември, 1995 Република Македонија и ЕУ воспоставиле дипломатски односи кога ЕУ ги отворила преговорите со Република Македонија во насока на склучување на Спогодба со широк опфат на соработка на полето на трговијата, финансиските операции и транспортот. 10 март, 1996 Република Македонија станува полноправен партнер во PHARE програмата (Полска и Унгарија: Помош за закрепнување на економиите). Ноември 1997 Спогодбата за транспорт стапува на сила. 1 јануари, 1998 Спогодбата за соработка стапува на сила. Февруари 1998 Во Охрид, согласно Спогодбата за соработка, се одржал првиот политички дијалог на министерско ниво. 11 март, 1998 Потпишана е Спогодбата за трговија и текстил (иако, истата била во сила од 1 август 1997 година). Спогодбата важела до 31 декември 1998 година. Сепак, почнувајќи од 1 јануари 2000 година насила е обновената Спогодба за трговија и текстил. 21 и 22 март, 1998 Во Скопје, се одржува првиот состанок на заедничкиот Совет за соработка. Советот се формирал со цел да ја следи реализацијата на Спогодбата за соработка, постигнувања и развој во структуралните реформи, како и да дава сугестии и насоки во врска со одредени специфични прашања. 5 март, 1999 Во Брисел, се одржува вториот состанок на Советот за соработка. 24 Јануари, 2000 Биле усвоени директивите на Европската Комисија предложени до Советот на ЕУ, што се однесуваат на подигнувањето на нивото на соработка помеѓу Република Македонија и ЕУ, како и на формалното започнување на преговорите за потенцијално членство во ЕУ. Март 2000 Со отворањето на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и со назначување на прв шеф на Делегацијата, односите меѓу Република Македонија и ЕУ се подигнати на амбасадорско ниво. 5 април, 2000 Официјално започнала првата рунда на преговорите помеѓу Република Македонија и ЕУ за ССА. Преговорите за ССА се реализирале во значително краток период (април - ноември 2000) низ 3 рунди на главни преговори и 5 средби на експертско ниво односно технички преговори. Јуни 2000 За време на седницата на Европскиот Совет во Фиера, била прифатена перспективата (одредбата) за потенцијално членство. 24 Ноември, 2000 ССА е инцирана на Самитот во Загреб. Декември 2000 Стапува во сила Регулативата на Советот за воведување на трговски исклучителни мерки, како и за вклучување на Република Македонија во Регионалната Програма КАРДС за 2002 - 2006. 16 февруари, 2001 Усвоена е Времената Спогодба за регулирање на трговските одредби од ССА. 9 април, 2001 Потпишана е ССА. Истовремено, била потпишана и Времената Спогодба за трговија и трговски прашања помеѓу Република Македонија и ЕУ. Истата стапува на сила веќе на 1 јуни 2001 година. Јануари, 2002 Дополнителен Протокол за вино и алкохолни пијалаци и Спогодба за трговија со текстилни производи. 20 февруари, 2003 Во Македонија допатува Претседателот на Европската Комисија Романо Проди кој го повторува ставот на ЕУ за македонските перспективи за членство во Унијата. 25 јули, 2003 Последен од шестте состаноци во Советот за соработка во Брисел. Февруари 2004 Македонското Собрание ја усвојува „Декларацијата за поднесување на апликација за членство во Европската Унија“. 22 март, 2004 На свечената церемонија во Даблин, Република Ирска, Владата на РМ го поднела барањето за членство во Европската Унија. 1 април, 2004 Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) стапила во сила на 1 април, 2004 година откако ја ратификуваат сите земји членки на ЕУ. 3 јуни, 2004 Прв состанок на Комитетот за Стабилизација и Асоцијација, потпишан во Скопје. 6 септември, 2004 Македонската влада ја усвојува Националната стратегија за европска интеграција. 14 септември, 2004 Во Брисел се одржува првиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. 1 октомври, 2004 Претседателот на Европската комисија Романо Проди го предал Прашалникот на Владата на Република Македонија. 31 јануари, 2005 Владата на Република Македонија ги финализирала одговорите од Прашалникот на Европската Комисија за апликацијата на Република Македонија за членство во ЕУ. 14 февруари, 2005 Делегација на Република Македонија во Брисел, ги предала Одговорите на прашалникот од Европската Комисија на претседателот на Европската комисија. 10 мај, 2005 Дополнителните Прашања на Прашалникот на Европската Комисија кои биле добиени на 22 април 2005, биле одговорени, усвоени од Владата на РМ и пратени во Брисел. 9 ноември, 2005 Европската комисија дава позитивна препорака за приклучување на Македонија кон ЕУ. 17 декември, 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и доделува статус на кандидат за членство во Европската Унија. 9 ноември, 2006 Европската комисија започнува преговори за визната либерализација со Македонија. 23 јуни, 2008 По ЕУ самитот, решавање на спорот со името се додава како предуслов за приклучување кон ЕУ. 14 октомври, 2009 Европската комисија препорачува почеток на преговорите за полноправно членство на Република Македонија. 29 март, 2012 Европската комисија започнува дијалог за приклучување на највисоко ниво. 25 јануари, 2019 Преспанскиот договор влегува на сила на 25 јануари, 2019, ставајќи крај на деценискиот спор со името. Во договорот е назначено дека Грција нема повеќе да става вето на пристапните преговори помеѓу Северна Македонија и Европската Унија. 26 март, 2020 Европскиот совет формално одобрува почеток на пристапните преговори.

Процес за визна либерализација На 1 јануари, 2008 договорот за визна либерализација помеѓу Македонија и ЕУ стапува на сила. Македонија ги започнува преговорите за визна либерализација со ЕУ во февруари, 2008 и е додадена на листата на безвизни државајни на 19 декември, 2009, дозволувајќи на своите граѓани да влезат во шенген-зоната, како и во Бугарија, Кипар и Романија без виза и само со биометриски пасоши.

Спорови Од осамостојувањето на Република Македонија од Југославија, Македонија се соочува со низа проблеми во внатрешната и надворешната политика. Еден од главните проблеми во внатрешната политика на земјата е односот со малцинските заеднци. Така, Република Македонија, по конфликтот од 2001 година, мирот го одржува главно со спроведувањето на Охридскиот договор, според кој етничките Албанци добиле големо автономно управување. Премиерот Никола Груевски изјавил дела земјата ќе биде спремена да се приклучи кон унијата во 2012 или 2013 година. Сепак, ЕУ не се сложува околу наведениот период. На 17 декември 2005 година, Европскиот совет ја поздравила земјата за нејзините достигнувања во спроведувањето на поголем број на реформи (Критериумите од Копенхаген, Стабилизација и асоцијација, Охридскиот договор).Presidency Conclusions – Brussels, 15/16 декември 2005, 15914/05 7, EN

Најголемиот проблем на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ е спорот со името со соседна Грција. Грција го отфрла името Македонија бидејќи според неа, тоа имплицира територијални амбиции кон сопствената територија на Грција односно северниот дел на провинцијата Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува "Поранешна Југословенска Република Македонија" (ФИРОМ). Решавањето на проблемот со името станало услов за пристапување кон унијата. Грција, постојано потврдува дека ќе го искористи своето право да го блокира пристапот без претходно да биде најдено решениеGreece threatens Macedonia NATO veto - Yahoo! News UK, односно изјавува дека ќе употреби вето, исто како што го употребила при блокадата на земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со кои се среќава Република Македонија е остварувањето на европски стандарди на владеење на правото и економијатаViolence Erupts in Macedonian Election.

Напредок на преговорите Во тек е скрининг процесот и не се отворени поглавјата за преговарање. Скрининг и датуми на поглавјаНапредок0 / 330 / 330 / 330 / 33Acquis поглавјеПочеток на скрининготКрај на скрининготОтворено поглавјеЗатворено поглавје1. Слободно движење на стоки––––2. Слободно движење на работници––––3. Право на основање и слобода на давање услуги––––4. Слободно движење на капитал––––5. Јавни набавки––––6. Право на трговски друштва––––7. Право на интелектуална сопственост––––8. Политика за конкуренција––––9. Финансиски услуги––––10. Информатичко општество и медиуми––––11. Земјоделство и рурален развој––––12. Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика––––13. Рибарство––––14. Транспортна политика––––15. Енергетика––––16. Даноци––––17. Економски и монетарен сојуз––––18. Статистика––––19. Социјална политика и вработување––––20. Претпријатија и индустриска сопственост––––21. Транс-европски мрежи––––22. Регионална политика и координација на структурни инструменти––––23. Правосудство и темелни права––––24. Правда, безбедност и слобода––––25. Наука и истражување––––26. Образование и култура––––27. Животна средина и климатски промени––––28. Заштита на потрошувачите и здравствена заштита––––29. Царинска унија––––30. Надворешна политика––––31. Безбедносна и одбранбена политика––––32. Финансиска контрола––––33. Финансиски и буџетски одредби––––34. Институции––––35. Други прашања––––Acquis поглавјеПочеток на скрининготКрај на скрининготОтворено поглавјеЗатворено поглавјеНапредок0 / 330 / 330 / 330 / 33 Извештај на Европската комисија за Октомври 2020Acquis поглавјеСтатус на преговориСпособност за усвојувањеOverview 33 неотворени поглавја 0 отворени поглавја 0 затворени поглавја 2 поглавја со ништо за усвојувањенеотворени

2 поглавја на рано ниво 1 поглавје со ниско ниво на подготовка 2 поглавја со "ниско ниво на подготовка" и "средна подготовка" 23 поглајва со средно ниво на подготовка 5 поглавја со добро ниво на подготовка