Гејрангер-фјорд (Geirangerfjorden) — фјорд во областа Сунмере, сместен во најјужниот дел на округот Мере и Румсдал во Норвешка. Ова е 15 км долг ракав на фјордот Стур-фјорд (Голем Фјорд). На завршетокот на фјордот се наоѓа селцето Гејрангер.
Овој фјорд е едно од најпосетуваните туристички места во Норвешка и од 2005 г. е заштитен од УНЕСКО како светско наследство, заедно со фјордот Нереј-фјорд, иако овој статус се доведува во прашање со планиранираната изградба на далноводи.Гејрангерфјорд може да го изгуби статусот на светско наследство , „Бергенс Тиденде“, 6 јули 2007 (проверено на 7 јули 2007)
На Гејрангерфјорд постојано му се заканува планината Окернесет која е готова да одрони во фјордот. Ваквиот одрон би предизвикал цунами, кој за 10 минути би ги подогил блиските места како Гејрангер и Хелесилт.Гигантрас им се заканува на , „Афтенпостен“, 14 ноември 2004 (проверено на 7 јули 2007 Зголемен ризикот од лавини во Окернесет , forskning.no, 22 април 2004, (проверено на 7 јули 2007 Анализа со високорезолутивен дигитален топографски модел за утврдување на опасноста од лизгања на земјиштето (Окернесет, Норвешка)
Покрај фјордот се расположени повеќе напуштени чифлизи. Some restoration has been made by the здружението „Пријатели на Стур-фјорд“ (Storfjordens venner). Најпосетени од нив се Скагефло, Книвсфло и Бломберг. До Скагефло се доаѓа и пешки од Гејрангер, додека другите се пристапни само со чамец. Во фјордот се наоѓаат и неколку забележителни водопади.
Во местото оперира и автомобилски траект кој воедно служи и како туристички брод. Тој плови долж фјордот помеѓу селата Гејрангер и Хелесилт.
Водопади Најзначајни водопади Гејрангер-фјорд се т.н. „Седум Сестри и Додворувачот“. Двата водопада се наоѓаат еден наспроти друг, од кои едниот е „додворувачот“ кој изгледа како да им се додворува на сестрите.
Друг позабележителен водопад во фјордот е „Невестински Превез“, така наречен бидејќи изгледа како тенок превез врз карпите кога сонцето го грее одзади.
Галерија
Надворешни врски Гејрангерски туристички информатор Одредиште Гејрангер-фјорд — Тролстиген
Наводи
Категорија:Фјордови во Норвешка Категорија:Светско наследство во Норвешка