Свети Никола — главна селска црква во тетовското село Челопек, Македонија.
Црквата била подигната во средината на век, а подоцна била обновена во век.
Црквата претставува културно наследство на Македонија од 2003 година, а според извршен мониторинг од 2023 година на црквата ѝ е потребна конзервација и реставрација, особено во нејзината внатрешност.
Местоположба
Црквата е сместена во горниот дел на селото Челопек.
Историја
Црквата е градена меѓу 1337 и 1347 година и е една од најстарите речиси целосно зачувани цркви во тетовскиот регион од овој период.
Црквата била срушена за време на отоманскиот период, но по ослободувањето на Грција, кога во селото се вратил Алил-ага Циле со некоја жена Гркинка, црквата била повторно изградена. За изградбата на црквата заслужна е токму Гркинката, која побарала од својот маж да го обнови храмот и тој тоа го направил.
Била прогласена за културно наследство на Македонија со решение од 7 мај 2003 година од страна на Републичкиот завод за заштита на културното наследство.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна со две видливи градежни фази: постара фаза од средината на век, со градежен опус од камен и тула и фаза од обновата на храмот од век со камен. Има галерија на западната страна и петострана апсида на источната страна.
Црквата е препокриена со турска ќерамида.
Според мониторингот извршен во 2023 година, црквата се соочува со несоодветни архитектонски елементи, како што се: клима-уред поставен на западната страна на црквата, кровните покривачи на двете влезни настрешници, мноштво литиски икони се поставени врз оригиналните икони, додека во црквата има несоодветни парчиња мебел и кабли.
Фрескоживопис
Двата слоја на фрескоживописот потекнуваат од 14 и 19 век. Првиот слој е само малку зачуван со сцени од Големите празници во втората зона на северниот и јужниот ѕид и мали фрагменти во пандантифите, додека вториот слој е делумно зачуван во олтарниот дел, наосот и во доградениот дел на западната страна. Не се знае зографот или зографите на обата слоја на фрескоживописот.
Во црквата има стар и вреден фрескоживопис кој бил реставриран и конзервиран од страна на македонскиот академски сликар и зограф Драган Верговски, кој бил извршен во 1985-86 година.
Позначајни фрески се „Богородица Ширшаја“, „Поклонение на тројцата мудреци пред Младенецот Христос“, „Сретение Господово“, „Патот кон Голгота“ и други.
Живописот е со висок степен на оштетувања, особено на слојот од втората фаза.
Икони и иконостас
Иконостасот на црквата е направен во 1860 година и се состои од 26 икони.
Постоечкиот иконостас во црквата потекнува од обновата во XIX век и поседува икони од 1830 година од Христо зограф Дебранин и други зографи.
Во црквата се пронајдени зачувани вредни царски двери од или почетокот на век, кои се ретко уметничко дело од Тетовскиот регион, кои биле конзервирани во 2011 година.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Челопек
Наводи
Надворешни врски
Влага нагризува фрески од 14 век - репортажа на Вест за црквата Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Никола во Македонија