Дедо Иван — македонски илегален весник, орган на Месниот комитет на КПЈ во Куманово.Документи за Народноослободителната војна и Народната револуција во Куманово и Кумановско 1941-1942, (второ дополнето издание), Куманово, мај 1980, 83–181. Весникот се издавал во периодот од 15 август до 15 септември 1941 година и бил пишуван на кумановски дијалект.Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 403–406Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006, 23 стр. Објавени се три броја, формат 21 х 17, умножени на партиската техника на циклостил. Одговорен уредник бил Апостол Зордумис – Толи, а членови на редакцијата биле и Бојан Зафировски, Панче Пешев, Кочо Попов и Лазар Соколов.Зборник трудови од историјата на македонскиот печат, Скопје, 1987, 271–281 Првото издание е печатено во куќата на Јордан Цеков - Дане.

Во трите излезени броја се печатени статии за борбата на Советскиот Сојуз против Германците, за состојбата во Македонија под окупацијата, за борбата на сите фронтови во Европа и слично.

Како што било испишано во самиот гласник, целта на весникот била:

Во врска со името на весникот, во статијата „На сета чесна јавност“, („Дедо Иван“, бр. 1, 15 август 1941 година) пишува: „Од благодарност што Советскиот Сојуз – Дедо Иван – прв јавно пред целиот свет изјави дека македонскиот народ има право на слобода и рамноправност со сите други народи и што му нуди помош од Црвената армија, која сега со железна тупаница им ја разбива муцката на крвничките германски фашисти, од таа благодарност му го даваме на овој наш весник популарното име на нашиот заштитник СССР – Дедо Иван.“Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006, 24 стр.

Октомврискиот четврти број, било вонредно издание и името на весникот било променетоо во „Партизан“, а целиот бил посветен на излегувањето на Кумановскиот одред.

Наводи

Надворешни врски „Дедо Иван“, комплетно трето издание Бојан Зафировски, „Д’н’шња и јутрешња Македонија“, „Дедо Иван“, бр. 3

Категорија:Македонски весници Категорија:Македонија во НОБ Категорија:Историја на Куманово