Востаник — македонски неделен илегален весник, орган на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на западна Македонија, која била под италијанска окупација, на македонски јазик. Бил печатен на партиската техника на Окружниот комитет на КПЈ и растуран во Западна Македонија под италијанска окупација. Се печател во Тетово, од декември 1942 до февруари 1943. Содржините се во функција на мобилизација на членството и населението во НОБД-р Боро Мокров - М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 119. Прв ја објавил веста за Првото заседание на АВНОЈ (бр. 2 од 24 декември 1942). Излегувал со прекини. Сочувани се само првите три броја. Првиот број излегол на 3 декември 1942 година.
Наводи
Категорија:Македонија во Втората светска војна Категорија:Македонски весници Категорија:Култура на Тетово