Буг или Западен Буг (; ; ; ) е лева притока на реката Нарев, која извира од средишна Украина на запад, минувајќи долж украинско-полската и полско-белоруската граница, а потоа продолжува низ Полска, каде се влева во реката Нарев, близу Сероцк. Понекогаш, делот помеѓу устието на Буг со Нарев и до влевањето во Висла е нарекуван Буго-Нарев. Реката Висла се влева во Балтичкото Море.
Буг е долг 830 километри (587 км во Полска) и е 4. најдолга река во Полска. Сливното подрачје на реката е 39.420 км2 (19.284 км2 во Полска). Поврзана е со реката Днепар преку каналот Днепар-Буг.
Традиционално, реката Буг често била сметана како етнографска граница помеѓу православните и католичките верници. На реката се наоѓала и линијата помеѓу германските и руските сили во текот на Инвазијата на Полска во Втората светска војна.
Поврзано
Јужен Буг Реки во Полска Реки во Украина Географија на Полска Географија на Украина
Наводи
Надворешни врски
Буг во Географскиот речник на Кралството Полска (1880)
Категорија:Реки во Полска Категорија:Реки во Украина Категорија:Реки во Белорусија Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Погранични реки