Коса (isiXhosa) — еден од службените јазици на Јужноафриканската Република и дел од групата на нгунски јазици. Коса е зборуван од околу 7,9 милиони луѓе или 18% од вкупното население на државата. Како и останатите банту-јазици, коса е тонски јазик, односно истата согласка или самогласка може да има различно значење ако се каже со повисок или понизок тон. Една од најголемите одлики за овој јазик е присуството на чкрапави согласки. Самите согласки при изговор звучат како чкрапање или други призвуци во устата, така што и самиот збор „коса“ на почетокот е проследен со чкрапав звук.
Коса јазикот се пишува со латинична азбука. Во јазикот постојат три чкрапави звуци, односно се бележат со следните букви: „c“ го претставува забната чкрапка, „X“ го претставува страничната чкрапка и „q“ го претставува непчената чкрапка. За разлика од останатите тонални јазици во светот, во коса не се бележат тоновите при пишување.
Одлики и класификација Народот Коса ги неселувале крајбрежните територии на Јужна Африка уште пред 16 век. Самите себеси се нарекуваат „amaXhosa“, а нивниот јазик „isiXhosa“. Скоро сите коисански јазици имаат согласки наречени чрапки. Околу 15% од зборовниот фонд е од коисанско потекло. Во современиот период јазикот има позајмено зборови од африканс и англиски.
Коса е најјужниот јазик на нгунските јазици, каде се и свазискиот, севернондебелски јазик и зулу. Исто така има одредена сличност и разбирливост со останатите нгунски јазици. Нгунски јазици се дел од банту-јазиците.
Коса е најрспространет јазик африкански јазик во Јужна Африка, додека зулу е најзборуван. Коса е втор најчест јазик кој се користи по дома во ЈАР. Според податоците од 2003 година, поголемиот дел од народот Коса, околу 5,3 милиони живееле во покраината Источен Кејп, околу 2 милиони во Западен Кејп, околу 671.045 во Гаутенг, во Фри Стејт околу 246.192 жители, во Квазулу-Натал 219.826, во Северозападната покраина 214.461, во Мпумаланга 46,553, во Северен Кејп 51,228 и во Лимпопо 14,225.South Africa Population grows to 44.8 Million. Мал број Коса-говорници (18,000) има во Лесото.Ethnologue report for language code:xho
Дијалекти
Коса има неколку дијалекти, меѓу кои најголемите се:
Гцалека Ндламбе Рархабе - се смета за стандарден Тембу Бомвана Мпондамсе Мпондо Кесибве Баца Целе Хлуби Мфенгу
Јазикот денес Улогата на африканските јазици во Јужна Африка (ЈАР) е сложена. Нивната употреба во образованието била управувана со легислатива, започнувајќи со Актот за банту-образование од 1953.
Денес, коса се користи како главен јазик во многу основни училишта во ЈАР, како и во некои средни учулишта. Сепак, после основното образование, учениците во добар дел продолжуваат да се образуваат на англиски. Јазикот се изучува и како училиштен предмет. Високообразовните институции во државата се на англиски и африканс, а коса се изучува како предмет.
На коса има објавено поезија и проза, како и весници и списанија. Првиот превод на Библијата на коса бил од 1859 година и бил подготвен од Хенри Хер Дагмор. На коса има и телевизиски и радио емзии, како и филмови, драми, музика и слично. Најпознат изведувач на коса-песни е Миријам Макеба. Писменоста кај луѓето чиј мајчин јазик е коса се проценува на 50% (според податоците од 1996 година), но ова може да е доста променео особено по апертхајтот.
Примери
Molo - здраво (за еден човек) Molweni - здраво (за повеќе луѓе) Unjani? - Како си? Ninjani? - Како сте? Ndiphilile - Јас сум добро. Siphilile - Ние сме добро. Ngubani igama lakho? - Како се викаш? Unangaphi? - Колку си стар? Malini na? - Колку пари? Yintoni le? - Што е ова? Ngubani ixesha? (Nguban'ixesha) - Колку е часот? Kuyabanda ngaphandle! - Надвор е ладно! Enkosi - благодарам Uxolo - ивинете Ngxesi - извини Nceda - молам Andiqondi/Andikuva - не разбирам Andiyazi - не знам Ndithetha isiXhosa kancinci nje - Јас зборувам само малку коса. Ndiyagoduka ngoku - Сега јас одам дома. Intwasahlobo ifikile - Дојде пролетта. Ndihamba ngebhasi - Јас одам со автобус. Ndingakwenzela ntoni? - Што можам да сторам за вас? Vula iincwadi zakho - Отвори ги книгите. Vulani iincwadi zenu - Отворете ги книгите.
Наводи
Поврзано
Којсански јазици Зулу (јазик) Коса (народ) Хенри Хер Дагмор
Надворешни врски
Профил за коса јазик на UCLA Извештај за коса на Етнолог Коса-англиски речник Мал коса-англиски речник Коса јазик и култура Коса на panafril10n.org Google на коса Умхолобо Венене ФМ Материјали за учење коса Проверувач на правопис на OpenOffice.org и Mozilla , OpenOffice.org , Mozilla Firefox , и Mozilla Thunderbird на коса Translate.org.za - проект за слободен превод
Категорија:Нгунски јазици Категорија:Јазици во Јужноафриканската Република Категорија:Јазици во Лесото Категорија:Тонски јазици