Исмет Рамиќевиќ (босански: Ismet Ramićević) (, Дубница) — српско-македонски вајар од бошњачка народност.

Животопис Рамиќевиќ е роден во 1960 година во селото Дубница, близу Сјеница, НР Србија. Дипломирал во 1984 година на ФЛУ во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Тој станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во 1987 година. Рамиќевиќ бил вработен на ФЛУ како професор по вајарство..„Насока од Рамиќевиќ во Чифте-амам“, Дневник, година XVIII, број 5602, вторник, 28 октомври 2014, стр. 22.

Творештво Рамиќевиќ е познат како припадник на генерацијата која почнала да создава во 1980-тите, а која ја дефинирала македонската ликовна сцена во 1990-тите. Во своето творештво, Рамиќевиќ претежно применува вертикални форми, преобразувани во поедноставени цилиндрични облици, а често користи синтетички материјали, инсистирајќи на едноставноста на индустриската форма. Тој имал 18 самостојни изложби, и тоа во Скопје, Прилеп, Њујорк, Пловдив и Ниш, како и повеќе групни изложби. Исто така, за своето творештво, тој бил добитник на повеќе награди..

На 28 октомври 2014 година, во галеријата на Чифте-амам во Скопје, била отворена неговата самостојна изложба „Насока“.

Наводи

Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Луѓе од Дубница (Сјеница) Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски вајари Категорија:Македонски Бошњаци Категорија:Југословенски вајари Категорија:Југословенски Бошњаци Категорија:Српски вајари Категорија:Српски Бошњаци Категорија:Апсолвенти на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Членови на ДЛУМ