Ристо Шапкар (р. во ) — македонски политиколог, стопанственик и фотограф.Д-р Асен Групче, Охрид. Културниот живот и творештво во Охрид и Охридско во 20 век, Скопје, 1998, 254

Животопис

Шапкар е роден во охридското село Велгошти во 1931 година. Бил долгогодишен директор на РО „Херој Тоза Драговиќ“ во Охрид (членка на корпорацијата Заводи „Црвена застава“ од Крагуевац). Истовремено извесен период бил и секретар на Општинскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија во Охрид.

Како страстен љубител на уметничката фотографија, станал еден од водечките македонски фотографи. Приредил повеќе изложби со уметнички фотографии во Македонија, како и во разни југословенски и европски центри како Рим, Париз и други.

Наводи

Надворешни врски Биографија

Категорија:Македонски политиколози Категорија:Македонски стопанственици Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски фотографи Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет