Стојан Мишев познат како АнаниПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79 (22 март 1882, Штип - 30 декември 1924 Штип) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација, подоцна членува во МФРО и Здружението против бугарските бандити Зоран Тодоровски, „Активноста на четите на Тодор Александров во Брегалничкиот округ“, во: Зборникот Штип и Штипско во НОВ 1941–1944, Штип, 2001..
Животопис Мишев е роден во Штип на 22 март 1882 година. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Тој бил војвода во Штипско од 1905 до 1908 година. Од 2 до 7 јануари 1905 година, како претставник на штипската околија (заедно со Ефрем Чучков, Тодор Александров и Мише Развигоров), учествувал на конгресот на Скопскиот револуционерен округ што се одржал во кратовското село Кнежево, во присуство на 20 делегати.Донче Ефремов, „Револуционерната дејност на штипскиот војвода Мише Развигоров“, Зборник VIII, Завод за заштита на спомениците на културата и Народен музеј-Штип, Штип, 1998, стр. 52.
По Првата светска војна бил близок соработник на Тодор Александров. Во 1922 ја напуштил ВМРО (Автономистичка) и стапил во МФРО. Во 1923 се вратил во Вардарскиот дел на Македонија. Бил еден од раководителите на Здружението против бугарските бандити во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Бил осуден на смрт и убиен од ВМРО на 30 декември 1924 година по наредба на Ванчо Михајлов. Ќерка на Мишев била поранешната македонска Прва дама Нада Глигорова.
Наводи
Поврзано Македонска револуционерна организација
Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Починати во Штип Категорија:Воспитаници од Скопското педагошко училиште Категорија:Дејци на МРО Категорија:Убиени по наредба на Ванчо Михајлов