Глажња (или Глажњанско Езеро) — вештачко езеро на Липковска Река, 17 км од Куманово во северниот дел на Македонија. Името го добило по селото Глажња. Изградено е во 1971 година. Браната е бетонска лачногравитациска. Таа е долга по круната 344 м, широка 4 м, а височината над теренот изнесува 80 м. Котата на нормалното ниво на езерото се наоѓа на височина од 588 м. Најголемата должина на езерото изнесува 3.146 км, а најголемата широчина 700 м. Во овие рамки езерото зафаќа површина од 96,5 ha. Вкупната зафатнина изнесува , од која претставува мртов простор, а преостанатите корисна зафатнина. Водата се користи за водоснабдување, наводнување, за добивање електрична енергија и за други потребиАлександар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Браната ја проектирал хрватскиот Србин Никола Хајдин .
Поврзано Липковско Езеро
Наводи
Категорија:Вештачки езера во Македонија Категорија:Глажња