Битката кај Торвиол, исто така позната и како Битката кај Виликарди или Битката кај Дебар, се одвила на 29 јуни 1444 година помеѓу албанската армија на чело со Скендербег од една страна, и Османлиското Царство од друга страна на чело со Али Паша. Овој бунт е еден од првите поголеми во кој Скендербег ги започнал против Османлиите.
Позадина и битка
По Битката кај Ниш во ноември 1443 година, Скендербег ја напуштил османлиската војска со околу 300 други албански војници и се вратил во Албанија. Тој по ова успеал да создаде сојуз од тогашните албански кнежевства, основајќи ја т.н. Лешка лига. Веќе во пролетта 1444 година, станало јасно дека албанските земји ќе бидат нападнети од Османлиите. Поради тоа, Скендербег започнал со подготовка на војната.Fine pp. 556-557.
По само неколку месеци, Скендербег успеал да регрутира огромна војска, составена од околу 8.000 коњаници и 7.000 пешадија. Битката се одвила во близина на денешната граница помеѓу Албанија и Република Македонија, кај градот Дебар. Во крајна сметка, Албанците им нанеле голем пораз на Османлиското Царство, убивајќи околу 8.000 војници, а според некои извори овие бројки се движиле и до 22.000 војници.
Наводи
Категорија:Скендербег Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Отоманска Албанија Категорија:Битки на Албанија Категорија:Судири во 15 век Категорија:Албанија во 15 век Категорија:Европа во 1444 година