Умберто Еко (; – ) — италијански писател, филозоф и есеист.

Животопис Умберто Еко е роден на 5 јануари 1932 година, во малиот град Алесандрија (Alessandria) во Пиемонт, северна Италија. Како мал бил зафатен од тешкотиите предизвикани од Втората светска војна. Со својата мајка се искачувал на ридиштата од каде што ги гледал борбите меѓу фашистите и партизаните и жалел што бил премногу млад за да учествува во војната.

По желбата на својот татко, Еко се запишал на студиите по право, но ги напуштил поради големата љубов кон средновековната книжевност и филозофија. Во 1954 година дипломирал на филозофија, потоа предавал семиотика на универзитетите во Торино, Милано и Фиренца, а во 1971 година станал професор по семиотика на Болоњскиот универзитет. Исто така, во неколку наврати бил гостин-професор на универзитетите во Њујорк, Чикаго, Јеил и Колумбија, а држел предавања на десетици најугледни универзитети ширум светот. Покрај универзитетската дејност, од 1959 година бил советник за изданијата од хуманистичките науки во издавачката куќа „Бомпјани“ (Bompiani). Покрај тоа бил потпретседател и член на извршниот одбор на Меѓународното здружение за семиотички студии, член на издавачкиот одбор на списанието „Семиотика“ (Semiotica), почесен член на Фондацијата „Џејмс Џојс“, главен уредник на списанието VS - Quaderni di studi semiotici и член на издавачките одбори на неколку списанија во Италија и во други земји.Umberto Eco, Ime ruže. Zagreb: Grafički zavod Hrvatske, 1984.

Тој се опишувал себеси како човек што започнува многу работи истовремено за подоцна да ги синтетизира во една целина: „Ако немам многу работи да направам, изгубен сум“.

Еко починал во својот дом во Милано, на 19 февруари 2016 година.

Творештво Творештвото на Умберто Еко е богато и опфаќа повеќе области: философија, семиотика, естетика, социологија, средновековна историја, книжевна иуметничка критика итн. Светската слава ја стекнал со своите дела од областа на семиотиката и книжевната критика. Покрај научната работа, тој се занимавал и со белетристика. Во својот прв роман од 1980 година, Името на розата, исклучително успешно ги разработил средновековните религиозни контроверзии во контекст на модерните политички и економски термини, така што читателот може да ги разбере настаните и дејствијата без неопходните теолошки знаења. Своите доживувања од периодот на Втората светска војна ги опишал во неговиот втор роман, „Фукоовото нишало“.

Најпознати научни дела на Еко се: Естетскиот проблем кај свети Тома (Il problema estetico in San Tommaso), Торино, 1956 Развојот на средновековната естетика (Sviluppo dell'estetica medievale), Милано, 1959 Апокалиптичарите и интегрираните (Apocalittici e integrati) Opera aperta, Милано, 1962 Отсутна структура (La struttura assente), Милано, 1968 Знак (Segno), Милано, 1973 Расправа за општата семиотика (Trattato di semiotica generale), Милано, 1975

Еко е автор на романите: Името на розата (Il nome della rosa''), Милано, 1980 Фукоовото нишало Островот на претходниот ден Баудолино Таинствениот пламен на кралицата Лоана Прашките гробишта

Наводи

Надворешни врски

Умберто Еко: Како сте? - запис од „Минималниот дневник“ Умберто Еко: Факултет за компаративна нерелевантност - запис од „Минималниот днeвник“ Умберто Еко: „Вечен фашизам“

Категорија:Италијански романописци Категорија:Италијански есеисти Категорија:Италијански книжевни критичари Категорија:Италијански филозофи Категорија:Италијански писатели Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Членови на Полската академија на науките Категорија:Членови на Кралската академија на науките и уметностите на Белгија Категорија:Заповедници на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Книжевни теоретичари Категорија:Антолози