Општина Кавадарци — општина во јужниот дел на Повардарието, чии граници допираат до границата со Грција (Општина Меглен, егејскиот дел на Македонија). Голем дел од обработливото земјиште во општината е со лозови насади и Кавадарци е познат во Европа и светот по квалитетното вино и грозјето. Седиште на општината е градот Кавадарци. Градоначалник на Општина Кавадарци е Митко Јанчев.

Географија мини|лево|245px|Карта на општина Каварадци со атарите/катастарските општини.

Општината ги зафаќа Тиквешијата и висорамнината Витачево и Тиквешкиот (Кавадаречкиот) дел на Мариово. На територијата на општината се наоѓа и познатот рудник Алшар (познат по реткиот минерал лорандит) и фабриката „Голден Игл“ (порано именувана како Фени и Еуроникел. Според површината, со 992,44 км2, Кавадарци е втора најголема општина во Македонија, единствено помала од соседната Општина Прилеп.

Историја Населбата Кавадарци првпат се споменува во 1519 година, како мала рурална населба во состав на Ќустендилскиот Санџак.

Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци, кој оставил запис за кавадаречката чаршија, која тогаш организиран градски живот. Наведува дека гратчето е центар на каза со 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Има два ана за трговци и чаршија со околу 74 дуќани.Евлия Челеби. „Пътепис“, София, 1972, стр.267-268.

Како град Кавадарци почнува да се развива во почетокот на XIX век, меѓутоа во околината се наоѓаат археолошки ископини што укажуват дека овде постоела населба уште во античко време и во средниот век. Како сведоци од средниот век се многуте прекрасни средновековни цркви и манастири во околината особено околу пештерите на бреговите на Тиквешко Езеро.

Стопанство

Население мини|десно|245px|Демографска карта на Општина Каварадци, според пописот од 2002 година. мини|десно|245px|Густина на населеност на Општина Кавадарци, според пописот од 2002 година.

Според пописот од 2002 година, општината имала 38.741 жител. Народ ВкупноУдел (%) Македонци 37.863 96,79 Албанци 0 0 Турци 47 0,43 Роми 245 1,75 Власи 10 0,07 Срби 142 0,56 Бошњаци 1 0,01останати 83 0,38

Вероисповед Вкупно православни 37.332 муслимани 1.164 католици 25 протестанти 4 останати 216

Јазик Вкупномакедонски 38.204албански 0турски 47ромски 245влашки 10српски 150бошњачки 1 останати 84

Во состав на општината влегуваат приградските населби Глишиќ и Ваташа и 38 села: Бегниште, Бојанчиште, Бохула, Брушани, Бунарче, Возарци, Галиште, Гарниково, , Горна Бошава, Грбовец, Дабниште, Добротино, Долна Бошава, Драгожел, Драдња, Дреново, Кесендре, Клиново, Конопиште, Кошани, Крњево, Куманичево, Мајден, Марена, Мрежичко, Праведник, ’Ржаново, Радња, Раец, Ресава, Рожден, Сопот, Страгово, Фариш, Чемерско, Шешково и Шивец.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Кавадарци е Митко Јанчев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.

Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 19 члена.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности Панчо Минов — Пратеник до Собрание

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

Наводи

Надворешни врски Општина Кавадарци Општина Кавадарци во „АБВ - деловен именик“