Опсадата на Никомедија се одвила во периодот од 1333 до 1337 година од страна на силите на Османлиите предводени од Осман I и Византија. Опсадата довела до заземање на градот од страна на Османлиите.
Заднина
Од 1299 година, новосоздадената империја на Османлиите започнала да ги освојува териториите на Византиското Царство. По неколкуте успешни победи на Османлиите, следувало и паѓањето на Никеја во 1331 година. По ова, прашање било кога ќе бидат освоени и соседните градови, односно распаѓање на Византија.
Опсада
Византискиот цар бил свесен дека не може да се справи со инвазијата на Османлиите. Тој на неколкупати направил обиди да го поткупи Орхан I, но сепак во 1337 година Никомедија била нападната по кое градот бил предаден на Османлиите. Ова претставувало уште еден голем пораз за Византија. Таа по битката ја загубила и својата последна тврдина во Анадолија.
Последици
По паѓањето на Никомедија, положбата на Византија била во залудна состојба. За разлика од 1096 година, Византија во тоа време имала сосема малку територии, со исклучок на неколку градови во Пелопонез. Од својата источна страна Византија била потиснета од Османлиите, а од својата северозападна страна на Србите и Унгарците. Прашање на време било кога конечно че се распадне империјата.
Наводи
Категорија:Византиско-османлиски војни Категорија:Опсади на Византија Категорија:Опсади на Отоманското Царство Категорија:Судири во 14 век Категорија:Отоманското Царство во 14 век Категорија:Византија во 14 век Категорија:Европа во 1333 година Категорија:Европа во 1334 година Категорија:Европа во 1335 година Категорија:Европа во 1336 година Категорија:Европа во 1337 година