Стрежевско Езеро (познато и како Стрежево) — вештачко езеро во областа Ѓават-Кол, во јужниот дел на Македонија, изградено во средниот тек на реката Шемница, десна притока на Црна Река.
Езерото се наоѓа на 22 километри од градот Битола. Езерото има издолжен облик и зафаќа вкупна површина од 7,5 км2. Административно, езерото во целост се наоѓа во Општина Битола.
Брана
Браната е изградена од насипан чакал и од камен, со глинено јадро. Висока е 72 м, со должина на круната од 632 м и широчина од 10 м. Езерото е долго 6,5 км, а средната широчина при максимално ниво на водата изнесува 1 км. При максимално ниво на водата (кота од 739,5 м), површината на езерото изнесува 7,5 км2, а во езерото се акумулираат 116.820.000 м3 вода. Езерото редовно се порибува.
Употреба
Стрежево претставува езеро кое се користи за наводнување, водоснабдување, како и производство на електрична енергија.
Од ова езеро со вода за пиење се снабдува градот Битола и поголем дел од Пелагонискиот Регион.
Галерија
Поврзано Стрежево (хидросистем)
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на ЈП „Стрежево“
Категорија:Вештачки езера во Македонија Категорија:ХС „Стрежево“