Хатехија (во превод: Преродба) била еврејска младинска организација формирана со обединувањето на постојните здруженија „Бенот Цион“, „Бене Цион“ и „Макаби“. Дејствувала во Битола од 1923 година. Таа била првата младинска организација од Македонија што се зачленил во Сојузот на еврејските младински здруженија. Претседател на Организацијата бил Леон Камхи.Mark Cohen, Last Century of a Sephardic Community. The Jews of Monastir 1839–1943, New York, 2003 Од повеќето секции во Организацијата најактивна била спортската. Во десетгодишната дејност биле организирани неколку фудбалски екипи што настапувале успешно: „ФК Макаби“, „ФК Синај“ и „ФК Есперанса“.Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993

Наводи

Категорија:Историја на Евреите во Македонија Категорија:Историја на Битола