Ова е статија за античката област. За денешниот регион видете Меглен
мини|280px|Карта на Македонското Кралство (околу 334-323 г. п.н.е.) со прикажана Алмопија и други области. Алмопија () — област во стара Долна Македонија, која ја опфаќала малата долина по горниот тек на реката Лудија (Колудеј), меѓу областите Еордеја и Пелагонија. Македонците ја освоиле (според Тукидид), за време на првите Темениди, спуштајќи се од Горна Македонија во Ботиаја и Пиерија.Thucydides, 4 vols., Harvard Univessity Press, 1958 Била густо населена уште во антиката. Птолемај споменува три града: Алмопа, Хорма и Апсал.
Областа денес е позната како Могленска Долина или Меглен, опколена со планините Ниџе и Пајак.Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
Наводи
Категорија:Долна Македонија Категорија:Области во Античка Македонија Алмопија