Бисалтија или Визалтија — област во Античка Македонија по долниот тек на реката Стримон. Населението Бисалти живеело западно и источно од Стримон, област населена од Одомантите и Едонците. Според најстарото сведоштво кај Херодот, така се нарекува областа околу градот Аргила (западно од Струма).Herodotus, 4 vols., Harvard University Press, 1960 Тукидид ја спомнува во контекст на освојувањата на македонскиот крал Александар I Македонски и проширувањето на државата до Стримон.Thoucidides, 4 vols., Harvard University Press, 195
Населението што живеело во Бисалтија се именувало како Бисалти. Нивното населување на источниот брег на Струма се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Александар I Македонски во V в. пне.
Во областа се наоѓаат градовите: Берга, неидентификуваниот град Адријанопол, градот Евпорија (го спомнува Стефан Византиски) и др.Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
По Македонско-римските војни по 148 година, Бисалтија ѝ припаѓа на првата мерида.
Денешна општина По областа е именувана и општината Визалтија во Серскиот Округ, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Наводи
Категорија:Области во Античка Македонија Категорија:Долна Македонија Категорија:Визалтија