Ковалентен полупречник (ковалентен радиус) или валентен полупречник (валентен радиус) — средното растојание на најоддалечените електрони од атомското јадро на два или повеќе атоми кои учествуваат при образувањето на хемиски врски (се викаат уште и валентни електрони). Ковалентниот полупречник е речиси еднаков на половината од средната должина на поединечните хемиски врски кои ги градат тие атоми. Ковалентните полупречници на атомите се околу 25 - 50% помали од нивните Ван дер Валсови полупречници.
Споредба на Ван дер Валсовиот и ковалентниот полупречник кај некои атоми
Атом Ковалентен полупречник Ван дер Валсов полупречник N 0.7 1.5 P 1.1 1.9 S 1.04 1.85 I 1.33 2.15
Поврзано Атомски полупречник
Категорија:Хемиски својства Категорија:Хемиски врски