Федералното истражно биро () — агенција во склоп на Министерството за Правда на Соединетите Американски Држави којашто функционира и како федерално тело за криминална истрага и како внатрешна агенција за разузнавање. ФИБ има правна истражувачка надлежност за прекршоци во повеќе од 200 категории на федерални злодела. Неговото мото е „Верност, храброст, интегритет“ („Fidelity, Bravery, Integrity“), кое е име што одговара на иницијалите на Бирото на англиски јазик. Седиштето на ФИБ или зградата Џ. Едгар Хувер, се наоѓа во Вашингтон, Колумбија. Во поголемите градови низ САД сместени се педесет и шест теренски канцеларии како и преку 400 постојани канцеларии во помалите градови и места ширум земјата. Во Амбасадите ширум САД се наоѓаат повеќе од 50 меѓународни канцеларии наречени „правни советници“.
Задачи и приоритети Во 2008, како фискална година, вкупниот буџет на ФИБ изнесувал околу 6, 8 милиони долари, вклучувајќи ги и оние 410 милиони долари инцестирани во програми за контра-тероризам, контра-разузнавање, интернет криминал, информатичка технологија, безбедност, форензичари, обука и кривични програми. ФИБ е основано во 1908 година под името Истражно Биро. Ова име е променето во Федерално Истражно Биро во 1935 година. Главната цел на Бирото е да ги заштити Соединетите Американски Држави од тероризам и надворешни разузнавачки закани, да ги поддржи и спроведе правните закони на САД и да им обезбеди ред на владеење и кривична правда за федералните, државните, општинските и меѓународните агенции и партнери. Во моментов, главните приоритети за истражување на ФИБ се : 1. Да ги заштити САД од терористички напади 2. Да ги заштити САД од надворешни разузнавачки операции и шпионажа 3. Да ги заштити САД од закани преку интернет и криминал преку врвна технологија 4. Да се бори против јавната корупција на секој начин 5. Да ги заштитува граѓанските права 6. Да се бори против меѓудржавните/државните криминални организации и претпријатија (организиран криминал) 7. Да се бори против организиран канцелариски криминал 8. Да се бори против зголемен насилен криминал 9. Да ја надградува технологијата за успешно извршување на задачите на ФИБ Во август 2007 година, главните категории за поднесување на кривични пријави како резултат на истражувањата на ФИБ, беа : 1. Грабежи на банки и ненамерни злодела (107 пријави) 2. Дроги (104 пријави) 3. Напад и заговор (81 пријава) 4. Материјали за сексуално искористување на малолетници (53 пријави) 5. Поштенски измами, измами и измами со кражби (51 пријава) 6. Банкарска измама (31 пријава) 7. Забрана за бизниси со нелегално коцкање (22 пријави) 8. Телефонска, радио или телевизиска измама (20 пријави) 9. Изнудување во трговија (грабеж и изнудување во полето на меѓудржавната трговија) (17 пријави) 10. Актот за Организации Поврзани со Изнудување и Корупција (ОПИК) - забранети активности (17 пријави)
Правна надлежност Мандатот на ФИБ е воспоставен во Законикот на Соединетите Американски Држави, Наслов 28, Пасус 533 каде што на Врховниот Обвинител му се дава надлежност за „ назначување на службеници кои ќе го откриваат секој криминал против САД“. Другите федерални статути му даваат надлежност и одговорност на ФИБ во однос на откривање на одделни злодела. Џ. Едгар Хувер започнал со прислушкување во 1920 година откако со Забраната во 1920 не му било одобрено да апси шверцери на алкохол. Во еден случај од 1927 година еден шверцер на алкохол бил фатен преку контролирање на неговиот телефон и случајот го поднел до Врховниот Суд, кој одлучил дека ФИБ може да ја има таа привилегија за контролирање во своите истражувања и дека со тоа не го прекршува Четвртиот Амандман освен ако ФИБ не провали во куќата на осомничениот за да го комплетира случајот. По жалбата поднесена со Забраната, Конгресот во 1934 година го донесе Комуникацискиот Акт кој наложувал забрана за контролирање на телфонски апарати, но кој дозволувал прислушкување. Во друг случај од Врховниот Суд, во 1939 година судот донесе наредба дека според законот од 1934 година, доказите со кои ФИБ се здобило преку контролирање на телефон не се одобрени за на суд. Откако во 1927 година било одобрено прислушкувањето на телфони од страна на Врховниот Суд, Конгресот во 1967 година го усвоил Актот за Заедничка Контрола на Криминалот и Безбедност на Улиците, со кој на јавните власти им се дозволува контролирање на телефоните доколку пред тоа добијат налог за истото. Главното оружје на ФИБ во борбата против организираниот криминал, е Актот за Огранизации поврзани со Уценување и Корупција (АОУК). ФИБ исто има одговорност да спроведе усогласување на Актот за Граѓански Права во САД од 1964 година и да ги истражува злоупотребите на овој Акт а со тоа и во соработка со Министерството за Правда да ги гони и казни оние кои го злоупотребуваат актот. ФИБ истовремено има и надлежност во Администрацијата за Спроведување Мерки против Дроги која е спроведена според Актот за Заштита од Недозволени Супстанци од 1970 година. Патриотскиот Акт на САД ги зголеми моќите за кои е надлежно ФИБ, особено во областа на контролирање на телефони и надгледување на активностите на Интернет. Една од најконтроверзните одредби од Актот е таканаречената „ѕирнување и поткажување“, со кое ФИБ се здобива со право да пребарува некоја куќа и кога нејзините сопственици се отсутни и не се задолжени да ги известат сопствениците за претресот во наредните неколку недели. Преку Патриотскиот Акт ФИБ исто така има дозвола и да ги истражува архивските податоци за личностите за кои се сомневаат дека се поврзани со тероризам. Информациите кои ФИБ ги има во своја сопственост од истрагите се предаваат до Јавниот Правобранител или до Министерството за Правда, када што се одлучува дали се потребни понатамошни истраги или дејствувања.
Историја Почетоците на Федералното Биро за Истражувања Во 1886 година во Вабаш, Илиноис во St. Louis & Pacific Railway Company, Врховниот Суд изјасни дека соединетите држави немаат право да ја регулираат меѓудржавната трговија. Во 1887 година бил донесен Меѓудржавниот Трговски Акт кој создал федерална одговорност за спроведување на меѓудржавни закони. Министерството за Правда, кое од своето основање во 1870 година вработило неколку инспектори со постојан работен однос, не направило никакви напори за го зголеми бројот на вработени сè до крајот на тој век кога Врховниот Обвинител Чарлс Џозеф Бонапарте за ангажирање на инспектори контактирал со други агенции меѓу кои и Тајната Служба. Но Конгресот преку Актот донесен во 1908 година му забрани на Министерството за Правда на овој начин да ги експлоатира работниците во Државната Благајна. Тогаш, Јавиот Обвинител го формирал официјалното Истражно Биро (ИБ) во коешто работеле негови одбрани специјални агенти. Тајната служба на Министерството за Правда го обезбедила со 12 специјални агенти кои станале и првите агенти на новосоздаденото Истражно Биро. Со оглед на тоа, агентите на ФИБ автоматски станале и агенти на Тајната Служба. Својата надлежност тие ја добиле со помош на Меѓудржавниот Трговски Акт од 1887 година. ФИБ ја зголеми соработката со специјалните агенти на 26 јули 1908 година, кога на власт беше претседателот Теодор Рузвелт. Една од првите задачи на Бирото било истражување на јавните куќи со цел да се спроведе „Актот за заштита од трговија со бело робје “ или познат како Mann Act, кој насила стапил на 25 јуни 1910 година. Во 1932 година Бирото било преименувано во Истражно Биро на Соединетите Американски Држави. Во наредната година ФИБ соработувало со Бирото за Забрани и се преименувало во Оддел за Истрага (ОЗИ) сè до своето осамостојување во 1935 година кога станало служба во склоп на Министерството за Правда. Истата година, неговото име било и официјално променето од Оддел за Истрага до денес познатото Федерално Истражно Биро или ФИБ. Директорската функција на Џ. Едгар Хувер Директорот на Истражното Биро, Џ. Едгар Хувер, станал првиот директор на ФИБ и му служел на Бирото цели 48 години додека било познато и како Истражно Биро, Оддел за Истрага и секако Федерално Истражно Биро. По смртта на Хувер, била донесена легислатива со која секој нареден директор на ФИБ ќе има рок на служба од максимум 10 години. Во 1932 година како резултат на вложениот труд од страна на Џ. Едгар Хувер, официјално била отворена Лабораторијата за Научно Разоткривање на Криминал односно лабораторијата на ФИБ. Во текот на неговата служба Џ. Едгар Хувер бил дел од речиси сите проекти и случаи на ФИБ. Во текот на „Борбата против Криминалот“ од 30-тите години(1930 и натаму), агентите на ФИБ успеале да заробат или убијат голем број на озлогласени криминалци обвинети за киднапирање, грабежи и убиства низ земјата. Најпознати од нив се : John Dillinger, "Baby Face" Nelson, Kate "Ma" Barker, Alvin "Creepy" Karpis, и George "Machine Gun" Kelly. Други задачи кои ги имало бирото биле да се намали влијанието и распространетоста на Ку Клукс Кланот. Исто така, преку работата на Edwin Atherton, во 20-тите години (1920 и натаму) ФИБ успеало да зароби цела група на мексикански нео-револуционери на Калифорниската граница.
ФИБ и државната безбедност Почнувајќи од 40-тите па сè до 70-тите години, Бирото се занимавало со истражување на шпионажа против САД и нејзините сојузници. Уапсени биле осум Нацисти кои планирале вршење на саботажа врз Американски мети, а шестмина биле погубени. Во истиот период соработката на САД со Велика Британија за разбивање на шифри, каде што работело и ФИБ, придонела за разбивање на дипломатски и разузнавачки шифри на Советскиот Сојуз и за полесно дешифрирање на нивната комуникација од страна на британските и американски власти. Со ова исто така се покажало дека во САД постојат американски граѓани кои работат за разузнавачки служби на Советскиот Сојуз. Со овој проект управувал Хувер, меѓутоа неуспешно, бидејќи сè до 1952 година не ја известувал ЦРА или Централна Разузнавачка Агенција (CIA) за своите дејствувања. Откривањето на советските шпиони кои работеле во САД, му овозможило на Хувер да ја исполни својата долгогодишна опсесија и покрај заканите кои ги добивал од Левицата во САД, почнувајќи од организаторите на Комунистичката Партија на САД па сè до Американските Либерали кај кои не постоеле никакви револуционерни стремежи. ФИБ и Атентатот на Кенеди Кога Претседателот Џон Ф. Кенеди бил убиен, правосудната надлежност била доделена на градските полициски станици, сè додека новиот Претседател Линдон Б. Џонсон не го одредил ФИБ да биде надлежно за истрагата. За во иднина да се избегне недоразбирање околу тоа кој е надлежен за случаите со убиства кои се од федерална важност, Конгресот донел закон со кој истрагите за смрт на федерални службеници е надлежност на ФИБ. ФИБ и организираниот криминал На 25 август 1953 година, бил создадена Програмата за Врвни Криминалци како реазултат на борбата против огранизираниот криминал. Програмата побарала од сите теренски полицајци да собираат информации за членови на мафија и за нивните територии и информациите да ги пријавуваат во Вашингтон каде што преку разузнавање се собираат сите податоци поврзани со изнудување. Откако насила стапил Актот за Организации поврзани со Изнудување и Корупција (ОПИК), ФИБ почна да ги истражува поранешните групи кои настанале како последица на донесувањето на Забраната од 1920 година, и кои биле главните криминални дејствувачи во поголемите и помалите градови. Целата работа на ФИБ се одвивала тајно и преку овие организации преку дадени одредби кои биле предвидени со ОИК и на тој начин овие групи биле уништени. Бидејќи немал пристап до податоците и изворите за организиран криминал Хувер негирал дека постои тесно поврзана и организирана криминална мрежа во САД, но Бирото подоцна спровело операции за против организираните криминални синдикати и семејства, меѓу кои биле и оние предводени од Sam Giancana и John Gotti. Актот ОПИК и денес се употребува во борбата против организираниот криминал и против сите личности кои Актот ги покрива. Значајни реорганизации по заминувањето на Хувер Специјални единици на ФИБ