Хематопоетичка трансплантација на коскена срж (ХТКС) е трансплантација на матични клетки од крвта кои се делат од коскената срцевина (во овој случај позната како трансплантација на коскена срцевина) или крв. Пресадувањето на коскената срж е медицинска постапка од областа на хематологијата и онколгијата и најчесто се врши врз луѓе со заболување на крвта, коскената срцевина или одредени типови на рак. Со помош на матичните клетки факторите за растење GM-CSF и G-CSF, повеќето од хематопоетичките процеси на трансплантација на коскена срж се изведуваат со помош на матични клетки собрани од перифералната крв а поретко од коскената срцевина. Собирањето на матичните клетки од перифералната крв обезбедува поголеми шанси за собирање на пресадоци кои можат да се пресадат за кратко време и да започнат да произведуваат матични клетки со што би се подобрила ситуацијата на пациентот, а воедно не бара дарителот да биде подложен на општа аменстезија при собирањето на истите. Хематопоетичка трансплантација на коскена срж претставува многу ризична постапка која се одликува со многу можни компликации, по традиција оваа операција се врши врз пациенти кои страдаат од тешко излечливи болести. Понекогаш се користат експирементално кај болести со незлоќудни и нехематолошки симптоми како опасни заболувања и спречување на авто-имунолошки и кардиоваскуларни болести, ризикот од фатално оштетување е многу голем.

Историја Пресадувањето на матични клетки со користење на матичните клетки од коскената срцевина била пронајдена од тимот на Фред Хитчинсон во Центарот за истражување на ракот.Во периодот од 1950 година па сè до 1970 година овој тим бил предводен од Е. Доналд Томас, чијашто работа била наградена со Нобелова награда од областа на Физиологијата и Медицината. Работата на Томас покажала дека интравенозното внесување на матични клетки од коскената срцевина можат да ја обноват коскената срцевина и да го подобрат процесот на формирање на нови крвни клетки.Неговата работа исто така ја намалува веројатноста за развивање на компликации кои го загрозуваат животот а тие се болести наречени болест калем против домаќин. Првиот лекар кој извршил успешно пресадување на човечка коскена срж во 1968 година е Роберт А. Гуд од Универзитетот во Минесота.

Несакани реакции од пресадувањето на матични клетки

Повеќето од примателите на ХТКС се пациенти кои боледуваат од повеќе видови на мнеломи или повеќе видови на леукемија кај кои не е забележано никакво подобрување од лекувањето или кои се зависни од хемотерапија. Во кандидатите за ХТКС се вклучени и педијатриски случаи каде пациентите имаат вродена мана како што е голем имунолошки недостаток или вродена неутропенија со недостаток на матични клетки исто така вклучува и деца или возрасни со апластична анемија кои ги изгубиле нивните матични клетки по раѓањето.

Други болести кои се третират со пресадување на матични клетки од коскената срж се: миеодиспастичен синдром на абнормална болест, невробластома, лимфома, Евингс Саркома, Десмопластичен мал кружен клеточен тумор и Ходчкинсова болест. Неодамна биле развиени не-миеаблативни илитн. мини пресадувања кои бараат помали дози на хемотерапија и зрачење. Ова овозможува ХТКС да се користи и кај постари пациенти или пациенти кои се промногу слаби за да го издржат вообичаениот начин на лекување. Дополнителни информации во оделот за услови за лекување со ХТКС подолу

Видови на пресадувања

Автоложна трансплантација

Автоложната ХТКС бара извлекување на хомеопоетичните матични клетки (ХМК) на пациентот и складирање на истите во фридижер. Пациентот во тој момент е подложен на лекување со големи дози на хемотерапија со или без зрачење, со намера да се искоренат злоќудните клетки кај пациентот со делумно или со целосно заменување на коскената срцевина (уништување на коскената срцевина на пациентот да не може да произведува нови крвни клетки). Собраните матични клетки од телото на пациентот повторно се враќаат во неговото тело, со намера да го заменат уништеното ткиво и повторно да го овозможат нормалното производство на крвни клетки кај пациентот. Автоложната трансплантација дава попозитивни резултати од другите типови на пресадувања бидејќи постои помал ризик од инфекции за време на имунолошко-компромитирачкиот дел на третманот поради брзото подобрување на имунолошкиот систем.Иако многу ретко, постојат и случаи кога се јавува одбивање или телото не може да го поднесе пресадувањето поради појавата на разлики кај примателот и дарителот. Оваа предност на лекувањето со автоложни пресадувања го имаат утврдено како еден од стандардните второстепени лекувања за болести како што се лимфомата. Но, како и да е кај другите болести како што е Акутната Миелоидна леукемија, смртноста е намалена освен ако дојде до отфрлање на автогените кои се внесуваат со автоложните ХКТС од страна на телото а со тоа да се зглоеми веројатноста од повторна појава на ракот и да предизвика смрт па поради тоа алогенските лекувања бараат добри услови. Според записите има многу малку истржувања во кои се користеле не-миелоаблативни хематопоетички коскени ќелии за трансплантација како и можни третмани за тип I (зависни од инсулин)кај деца и возрасни кои боледуваат од дијабетес. Засега резултатите ветуваат но уште е многу рано да се прогнозира за тоа колку ефикасни би биле овие експерименти во лекувањето на дијабетесот.

Алогенетска трансплантација

Алогенетската ХТКС вклучува две лица: Дарителот (здравото лице) и примателот (пациентот). Алогенетските ХТКС дарители мора да имаат тип на ткиво кое ќе се совпаѓа со тоа на примателот. Совпаѓањето се врши врз основа на варијабилност на три или повеќе локи жаришта од (ХЛА) гените и се претпочита совршено совпаѓање на овие локи. Иако постои добро совпаѓање на овие одлучувачки алели на примателот ќе му бидат давани имуно-супресивни лекови за подобро прифаќање на пресадокот и за справување(заштитување) со болести кои можат да се појават како што е болеста на калем против домаќин. Дарители на алогенски пресадоци можат да бидат некои кои се крвно поврзани со примателот (најчесто се работи за некој близок роднина чиешто ткиво најблиску се совпаѓа со тоа на примателот), сингенетски пресадоци (монозиготен или идентичен близнак на пациентот, во секој случај оваа е многу ретко бидејќи е речиси нитѕ еден од пациентите немал идентичен близнак кој би му овозможил идентични ХЛМ клетки кои совршено би се совпаѓале) или неповрзани односно некој кој не е крвно поврзан со примателот (дарител кој не е крвно поврзан со примателот но поседува ткива кои имаат висок процент на хлм совпаѓање). Спасувачот брат/сестра може намерно да биде избран со вршење на предимплантантски генетски дијагнози со цел се избере некој кој ќе поседува таков тип на ХЛМ клетки а вооедно нема да биде носител на некои видливи наследни болести. Алогенска трансплантација може да се врши исто така со користење на крв од папочна врвца како извор на матични клетки. Вообичаено, со пресадување на здрава коскена срж кај примателот со помош на алогенска трансплантација се подобрува шансата за излекување или подолгорочно лекувње на ненадејните компликации кои можат да се појават со пресадувањето. Соодветен дарител се наоѓа со вршење на дополнителни ХЛМ тестови на крвта на потенцијалниот дарител. ХЛА гените се делат на две категории (Тип 1 и Тип 2). На кратко не совпаѓањето на гените од Тип 1 (на пр. ХЛМ-А, ХЛМ-Б или ХЛМ-Ц) го зголемува ризикот на одбивање на пресадокот. Несовпаѓањето на гените од Тип 2 (на пр. ХЛА-ДР или ХЛМ-ДЉБ!) го зголемува ризикот за калемот или графтот. Во продолжение, генетските несогласувања како што се мали единствени ДНК бази и парови се значајни па затоа бараат совршено совпаѓање и познавање на точните ДНК секвенци на овие гени и за дарителот и примателот. Водечките центри за трансплантација во моментов врши тестирање за сите пет вида на овие ХЛА гени пред да се утврди дека дарителот и примателот се ХЛА-идентични. И расната и етничката припадност можат да играат голема улога во прифаќањето на гените од дарителот. Познато е дека членовите на иста етничка група имаат речиси идентични гени, вклучувајќи ги и ХЛА- гените.

ХСЦ извори и скаладирање

Со цел да се намалат ризиците за одбивање на пресадената коскена срж или да се избегне сериозен ризик од напаѓање на пресадокот од болест калем против домаќин во алогенетски ХКТС, дарителот треба, но и пожелно е да ги има истите човечки леукоцитни антигени (ХЛА) како и примателот. Околу 25 до 30% од алогенетските ХКТС приматели имаат ХЛА-идентичен сродник. Дури итн. совршени совпаѓања можат да имаат мали алелни несоваѓања кои придонесуваат за болеста калем против домаќин.

Коскена срж

Собирање на коскена срж Во случај на трансплантација на коскената срж, HSC се отстрануваат од некоја голема коска на дарителот, обично тоа е од карлицата, со помош на голема игла која досегнува до центарот на коската. Оваа техника се нарекува собирање на коскена срж и се изведува под општа анестезија.

Матични клетки од перифералната крв

Периферните крвни матични клетки се најчестиот извор на матични клетки за алогенетската ХТКС. Тие се собираат од крвта преку процес познат како аферсис. Крвта од дарителот се извлекува со помош на стерилна игла од едната рака и поминува низ машина која ги отстранува белите крвни клетки, а црвените крвни клетки му се враќаат на дарителот. Производството на матични клетки е потпомогнато со дневни поткожни инекции од Granulocyte-колонија со стимулирачки фактори, кои служат за мобилизирање на матичните клетки од коскената срцевина на дарителот во периферната циркулација.

Амнионска течност

Исто така е можно извлекување на хематопетички матични клетки од амнионската течност за двете употреби аутолошката или етеролошката за време на раѓањето на детето.

Крв од папочна врвца

Крв од папочна врвка се добива кога мајката ја дава како донација папочната врвца и плацентата од нејзиното бебе по неговото раѓање. Крвта од папочната врвца има поголема концентрација на HSC отколку што е вообичаено се најде во крвта на возрасен човек. Како и да е малото количество на крв добиено од папочната врвца (најчесто 50 мл.) ја прави попогодна за трансплантација кај мали деца отколку кај возрасни. Поновите техники кои користат екс-виво експанзија на крвни единици од папочната врвца или употреба на две крвни единици од различни дарители се истражуваат со цел да се овозможи користење на пресадоците на крвта од папочната врвца и кај возрасни. Се користи на пример, кај децата кои се родени по предимплантациската генетска дијагноза за човечки леукоцитни антигени кои се совпаѓаат со цел да му бидат дадени на болен член од семејството кому му е потребна ХЛТС.

Складирање на HSC клетки

Како и повеќето другите органи, и клетките од коскена срж може да се замрзнуваат на подолг период без притоа да се оштетат премногу клетки. Ова е неопходно за автоложната HSC, бидејќи клетки мора да се собираат неколку месеци пред започнувањето на третманот на трансплантација. Во случај на алогенска трансплантација се претпочитаат свежи HSC клетки со цел да се избегне губење на клетките кое може да се случи во процесот на замрзнување и одмрзнување. Алогенската крв од папочната врвца се чува во банка за крв од папочна врвца бидејќи таа единствено се добива со самото раѓање на детето. На криопресипитатниот HSC мора да му се додаде DMSO-средство за чување и клетките мораат да бидат замрзнувани постепено во фрижидер кој се наоѓа под строг надзор со цел да се заштитат клетките од осмотски повреди при формирањето на снежни кристали во процесот на замрзнување. HSC-клетките можат да бидат складирани на повеќе години во криофрижидер кој вообичаено користи течен азот кој не е токсичен и е многу ладен (има ниска точка на вриење од -196 °C).

Употреба на пресадувањето за лекување на ХИВ