За истоименото село видете тука мини|десно|300п|Влезната порта на рудникот

Добрево — лежиште и подземен коп на рудникот „Злетово“ на оловноцинкова руда, кој се наоѓа во источните делови на Кратовско-злетовското вулканогено подрачје, на оддалеченост од 7 километри од градот Пробиштип.

Геологија

Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат, главно, вулкански карпи претставени со различни типови на андезити, дацити, игнимбрити, дацито-андезити, вулкански туфови и друго. Оловно-цинковата минерализација во наоѓалиштето е контролирана, најчесто, од раседните структури. Според генетските услови на настанок, жиченото оловно-цинково наоѓалиште Добрево е формирано во субвулкански услови, во рамките на хидротермалниот стадиум на формирање. Содржината на главните метали во просек е: 9% олово, 3% цинк, 45 g/t сребро и зголемени содржини на кадмиум, бизмит, злато, арсен, индиум, галиум, германиум и др.Серафимовски, Тодор. „Металогенија на зоната Леце–Халкидики“. Докторска дисертација. РГФ, Штип, 1990.

Руда

Главни рудни минерали и носители на оловото и цинкот се галенитот и сфалеритот, редовно следени од халкопирит, тетраедрит, тенантит, пирит, борнит, енаргит и др.

Галерија

Рудник

Руди

Поврзано Рудник „Злетово“ Добрево

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Рудници во Македонија Категорија:Економија на Пробиштип Категорија:Добрево