Оркански височини (анг. Wuthering Heights) — готски роман, единствен на англиската писателка Емили Бронте. Првпат бил издаден во 1847 година под псевдонимот Елис Бел, а бил издадено и второ, посмртно издание на книгата, под уредништво на нејзината сестра Шарлот Бронте.

Името на романот произлегува од карпестиот реон Јоркшир, каде што и се одвива дејството. Самата придавка „орканско“ (англ. wuthering) се однесува на бурно време. Во романот се раскажува страсната, но попречена љубовна приказна помеѓу Хитлиф и Кетрин Ерншо, која евентуално ќе ги уништи и нив и нивните блиски.

Иако романот „Оркански височини“ денес се смета за еден од највеличествените романи во англиската книжевност, во тоа време бил удар на доста критики поради суровите описи на психичко и физичко измачување. Иако на почетокот „Џејн Ер“ од Шарлот Бронте се сметал за најдобриот роман од сестрите Бронте, повеќето подоцнежни критичари коментираат дека оригиналноста на „Оркански височини“ го прави романот супериорен.

Значење и влијание Овој роман е многупати адаптиран на филмското платно, како и телевизиски и радиопродукции, балет, опера итн. „Оркански височини“ (Wuthering Heights) — песна на англиската поп-музичарка Кејт Буш од 1978 година.Discogs, Kate Bush ‎– The Kick Inside (пристапено на 29.6.2020) „Оркански височини“ — американски филм од 1939 година во режија на Вилијам Вајлер.IMDb Wuthering Heights (1939) Awards (пристапено на 30.3.2020)

Белешки

Надворешни врски Романот се наоѓа во јавна сопственост и е достапен бесплатно на англиски:

Wuthering Heights at GirleBooks може бесплатно да се симне во PDF, PDB и LIT-формати. Водич низ Оркански височини

Категорија:Романи