Битката кај Сланкамен се одвила помеѓу Османлиското Царство од една и силите на Австрија и Светото Римско Царство од друга страна, на 19 август 1691 година кај Сланкамен, денеска во Србија. Битката е дел од Големата турска војна.

Претходно Османлиите во 1683 година не успеале да ја заземат Виена. По ова следувала и Мохачката битка од 1687 година, каде повторно биле поразени. Во следните години започнала кампања за ослободување на цела Унгарија и Србија, до границата кон Македонија. Но, во 1690 година, Османлиите повторно забележиле голема победа, заземајќи го градот Белград.

Големата војна била одлучувачка во Битката кај Сланкамен на 19 август 1691 година, во која христијанските сојузници издвојувале важна победа. Според некои извори, војската на христијаните броела околу 50,000, наспроти османлиската која броела 80,000.

Османлиите имале загуба од околу 20.000 војници, наспроти 8.000 на христијаните.

Наводи

Категорија:Судири во 1691 година Категорија:Европа во 1691 година Категорија:Битки во Големата турска војна Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Светото Римско Царство Категорија:Битки на Србија Категорија:Битки на Хрватска Категорија:Битки на Унгарија Категорија:Историја на Војводина Категорија:Отоманското Царство во 17 век Категорија:Битки во Османлиско-хабсбуршките војни Категорија:Историја на Срем