Априлското востание — востание организирано од русофилското население на Бугарија, против Османлиското Царство на 20 април 1876 година.Податокот е според јулијанскиот календар.. Востанието индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, во 1878 година. За време на востанието, се проценува дека биле убиени околу 1.000 муслимани.McCarthy, Justin: The Ottoman Peoples and the end of Empire; London, 1981; p.44
Заднина
Во текот на XVIII век, класичните држави или империи како што била Османлиското Царство, била раководена од страна на султан. Населението на империјата се состоелo од голем број на етнички групи кои зборувале на различни јазици. Идејата за создавање на т.н. една држава-една нација, започнала да се јавува во текот на XIX век. Во текот на истиот век, Османлиите заостанувале во скоро сите погледи и технологии до европските. Поради постојаното слебеење на Османлиското Царство, властите им испорачувале тешки даноци на христијанското население. Во 1875 година избувнало Босанското востание.
Подготовки
Востанието било подготвено во време од два месеци. Одлуката за кревање на востание била донесена од страна на одделни активисти на Бугарскиот револуционерен централен комитет, и истото не било поддржано од ниту една надворешна сила. Така, територијата на востаниците била поделена во пет регион: Враца, Велико Трново, Сливен, Пловдив и Софија. Текот на востанието Востанието избувнало во Копривштица, каде било нападнато седиштето на локалната полиција. Во текот на две недели, востанието се проширило и во поголемиот дел од Бугарија. Околу 1.000 муслимани биле убиени, а многу повеќе протерени од своите домови. Ова довело до многу брза реакција на османлиските власти.
Уште од првиот ден на востанието (20 април) Високата порта и турското воено министерство дало наредба за мобилизација на армијата. За задушување на востанието бил формиран штаб во состав: Митхад паша, воен министер, Хусеин Авни паша и командант Абдул Керим паша. Кон територијата на Бугарија се упатила војска од околу 10.000 војници. Многу бргу Османлиите постигнале големи успеси. Селата кои ги зазимале биле изложени на ограбување или палење. Според Николај Овчаров, вкупниот број на загинати изнесувал околу 30.000 војници и цивили.
Наводи
Литература Страшимиров, Д. История на Априлското въстание. Т. I. Предистория; Т. II. Приготовления. Пловдив, 1907 Страшимиров, Д. История на Априлското въстание. Т. III. Въстание и пепелища. Пловдив, 1907
Категорија:Судири во 1876 година Категорија:Европа во 1876 година Категорија:Отоманска Бугарија Категорија:Бугарија во 19 век Категорија:Русофили