Илинска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток.. Највисоки врвови се Лиска (1.909 м) и Старец (1.577 м). Се наоѓа помеѓу котлината Дебрца на запад, долината на реката Треска на север, Демир Хисар и долината на Беличка Река на исток. На југоисток продолжува во Плакенска Планина. На Илинска Планина се развиени изворишните челенки на Мраморечка и Беличка Река. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовнички конгломерати и гранитит преку кои лежат карбонатни карпи. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта.. Изобилува со букова шума во високите и средните делови, како и дабова во пониските делови. Богатите шуми се користат за сеча на дрво за огрев, градежништво, мебел и производство на ќумур (во с. Вирово).

Галерија

Поврзано Плакенска Планина Лубен Беличка Река

Наводи

Категорија:Планини во Македонија Категорија:Планински венци во Македонија Категорија:Општина Дебрца Категорија:Општина Кичево