Унгарска револуција од 1848 (унгарски: 1848–49-es forradalom és szabadságharc) — револуција на унгарскиот народ која покрај општите обележја која ги делела со останатите европски востанија против феудализмот, ослободувањето на кметовите и борбите за другите човекови права, таа првенствено имала карактер на унгарска војна која се залагала за независна и самостојна држава.

Унгарија пред Револуцијата Кралството Унгарија имало отсекогаш посебен парламент, дури и по создавање на Австриското Царство во 1804 г.In 1804 Emperor Franz assumed the title of Emperor of Austria for all the Erblande of the dynasty and for the other Lands, including Hungary. Thus Hungary formally became part of the Empire of Austria. The Court reassured the diet, however, that the assumption of the monarch’s new title did not in any sense affect the laws and the constitution of Hungary Администрацијата и владата на Кралството Унгарија до 1848 г. останале недопрени од влијанието на Австриското Царство. Централната власт на Унгарија останала одвоена од царската власт. Со државата владеел совет на поручници на Унгарија сместен во Братислава а подоцна до Пешта, како и унгарскиот кралски двор во Виена.Éva H. Balázs: Hungary and the Habsburgs, 1765–1800: An Experiment in Enlightened Absolutism. p. 320.

Унгарски Јакобински клуб По смрта на Светиот Римски цар Јосиф II, во февруари 1790 г. реформите во Унгарија престанале, поради што многумина франкофонски интелектуалци кои ги поддржувале радикалните идеи засновани на француската филозофија се изнервирале. Игнац Мартинович работел како таен агент за новиот Свет Римски цар, Леополд II до 1792 г. Во неговиот говор за Леополд II експлицитно изјавил дека авторитетот кој доаѓа од социјалниот статус треба да се препознае, за аристоктратијата рекол дека е непријател на човештвото, затоа што ги спречуваат луѓето да станат образовани. Во една од неговите дела „Катехизам на луѓето и граѓаните“, велел дека граѓаните се спротивставуваат на каква било репресија, и дека моќта е кај нив. Тој станал масон и се залагал за усвојување на федерална република во Унгарија. Како член на унгарските Јакобинци, него го сметале за идеалистички претходник на револуционерната мисла, а други го сметале за бескрупулозен авантурист. Тој бил главниот што го предизвикал револтот против благородниците. За ваквите субверзивни дела, Франц II го отпуштил Мартинович и неговиот шеф. Тој бил погубен заедно со шест други значајни Јакобинци, во мај 1795. Повеќе од 42 членови на тајното републиканско друштво биле уапсени, вклучувајќи го поетот Јанош Бачани и јазичарот Ференц КазинциCharles W. Ingrao : The Habsburg Monarchy, 1618–1815, Volume 21 of New Approaches to European History, Publisher: Cambridge University Press, 2000 Jean Berenger, C.A. Simpson: The Habsburg Empire 1700-1918 , Publisher: Routledge, 2014, Tomasz Kamusella: The Politics of Language and Nationalism in Modern Central Europe, Publisher: Palgrave Macmillan, 2009, Paschalis M. Kitromilides: Enlightenment and Revolution, Publisher: Harvard University Press, 2013, Peter McPhee: A Companion to the French Revolution -PAGE: 391 , Publisher: John Wiley & Sons, 2014,

Иако унгарското Јакобинско републиканско движење немало ефект врз политиката на унгарскиот парламент и партиите, имало голема идеолошка поврзаност со вонпарламентарните сили: радикалната младина и студентите како на пример поетот Шандор Петефи, филозофот и историчар Пал Васвари и романописецот Мор Јокаи, кои ја започнале револуцијата во кафе барот Пилвакс на 15 март 1848.Ödön Beöthy and Tibor Vágvölgyi: A Magyar Jakobinusok Köztársasági Mozgalma, -PAGE: 103 Budapest 1968, English: The Hungarian jacobin republican movement.

Почеток на револуцијата Собранието на Унгарија не се состанало од 1811 г.

Пораните состаноци биле главно поврзани со воени субвенции, a после 1811 г. состаноците престанале. Подоцна, за време на владеењето на Франц I силите на реакционерниот апсолутизам биле проширени. Но една струја почнала да се движи во спротивен правец. Унгарското општество било под влијаниео под западниот либерализам, и без помош од надвор се подгодвувало за еманципација. Писатели, учените луѓе, поетите, глумците, аристократите, плебејците и луѓето од законот без да се поврзат претходно работеле заедно кон поврзување на сите Унгарци. Многу големи имиња свесно или несвесно како претставници на популарната национална литература, извршиле политичка мисија, при која нивното пенкало било делотворно како и мечевите на нивните предци.

Во 1825 г. царот Франц II го свикал собранието поради тоа што растело незадолството на унгарските аристократи за даноците и економијата која пропаѓала по Наполеоновите војни. Со ова се започнале реформите познати како „Период на реформи“. Но аристократите сè уште ја имале привилегијата да не плаќаат даноци и да не дозволат на народот да гласа.

Војводата Иштван Сечењи, еден влијаен политичар имал желба да ги донесе напредоците од западна Европа, како од Англија.

Било директен напад на уставот што во зборовите на Иштван најпрво го разбудил народот. Во 1823 г. реакционите сили планирале да ја спречат револуцијата во Шпанија, а власта, без состанок, поставила воен данок и присилна регрутација. Државните собранија уште веднаш се спротивставувале против неправдата, и Франц I бил оврзан кај соборот на 1823 г. да ги отрфли одлуките на неговите министери. Сечењи, кој имал живеено и студирано во западна Европа, бил сметан за водач на тие што сакале нова Унгарија. Со години тој со своите пријатели искажувале на народот со безброј памфлети за либерализам. Главно Сечењи велел дека народот не морал да угледува кон владата, ниту пак собранието за овие реформи. Народот самиот морал да ги прекрши пречките на класите и да го оживеат здравиот народен дух. Ефектот на ова учење се појавил на совранието во 1832 г., кога либералите од долиот дом имале мнозинство, меѓу кои биле Ференц Ференц Деак и Еден Бети. Додека пак во горниот дом, магнатите се здружиле со државата за да оформат консервативна партија која што спротивставувала какви било реформи.

Поради зголемената моќ и популарност на либералната партија владата во паника пробувала да го уништи реформното движење и да ги уапси најактивните водачи веднаш од кога Фердинанд I (1835-1848 г.) бил на власт, како Лајош Кошут и Миклош Вешелењи. Соборот во 1839 г. не прифаќал да се продолжи ова додека да не се ослободат сите политички затвореници додека во долниот дом реформистичката партија била најголема од претходно, истовремено се формирала либерална партија во горниот дом под водство на војводата Лајош Батјани и баронот Јосиф Етвеш. Од 1000 до 1844 г, латински бил службен јазик на администрација, законодавство и школување во Кралство Унгарија. Две важни прогресивни закони биле усвоени во овој собор, еден од кој го направил Унгарски службен јазик на Унгарија а другиот ги ослободил селаните од сите феудални обврски.

Резултатите на соборот во 1839 г. не ги задоволиле либералите, додека опозицијата и Горниот Дом биле огорчени од општото незадоволство. Пешти Хирлап, унгарскиот водечки весник, кој бил основан во 1841 г., објавувал написи во кои се барало вооружена интервенција доколку е потребна. Полемиките од двете страни биле насилни, но екстремните погледи преовладувале, така што на собраниската седница во 1843. Кошут бил многу популарен, а влијанието на Сечењи опаднало. Тонот на овој собор бил емотивен, и владата била нападната бидејќи се мешала во изборите. Либералите освоиле победа. Унгарскиот јазик бил прогласен за јазик на училиштата и судовите како и во законодавството, мешаните бракови биле легализирани, а јавните функции биле отворени и за обичните луѓе.

„Долгата дебата“ на реформистите во печатот (1841–1848) За време на паузата меѓу соборите од 1843 до 1847 г. се случила целосна дезинтеграција и трансформација на различните политички партии. Сечењи отворено се приклучил на владата, додека умерените либерали се одвоиле од екстремистите и оформиле нова партија, централисти.

Во памфлетот од 1841 г. „Луѓе од истокот“ (Kelet Népe), војводата Сечењи ја анализирал политиката на Кошут и одговорил на неговите предлози за реформи. Сечењи верувал дека економските, политичките и социјалните реформи требало да се случат бавно и внимателно, за да се избегне потенцијалната катастрофа од можно насилно мешање на Хабсбуршката династија. Сечењи бил свесен дека идеите на Кошут се раширени низ унгарското општество, затоа укажа на потребата од добри релации со Хабсбуршката династија.

Кошут од негова страна ја отфрлил улогата на аристократијата и ги ставил под прашање нормите во социјалните статуси. За разлика од Сечењи, Кошут верувал дека при процесот на социјалните реформи невозможно е да го оставиш граѓанското општество во пасивна улога. Тој предупредувал против обидот да се исклучи широкото социјално движење од политичкиот живот и ја поддржувал демократијата, отфрлајќи ја предноста на елитите и владата. Во 1885 г., тој го нарекол Сечењи либерален елитист аристократ, додека Сечењи го нарекол Кошут демократ.Mihály Lackó: Széchenyi és Kossuth vitája, Gondolat, 1977.

Сечењи бил изолиран политичар, додека Кошут имал силни врски и соработка со интернационалните либерали и прогресивното движење.See: Lacko p. 47

Сечењи ја базирал својата економска политика на принципот лесе-фер кој се практикувал во Британската Империја, додека Кошут поддржувал заштитни даноци порадо слабата унгарска индустрија. Кошут имал визија за брз развој на индустријата, а Сечењи сакал да ја задржи традиционално силното земјоделство како главна одлика на економијата.Gróf Széchenyi István írói és hírlapi vitája Kossuth Lajossal [Count Stephen Széchenyi,s Literary and Publicistic Debate with Louis Kossuth], ed. Gyula Viszota, 2 vols. (Budapest: Magyar Történelmi Társulat, 1927–1930).

Дванаесетте точки на реформистите Конзервативци кои вообичаено се спротивставувале на повеќето реформи едвај успевале да имаат мнозинство во стариот феудален парламент, посебно затоа што либералите реформисти биле поделени меѓу идеите на Сечењи и Кошут.

Пред изборите, Деак успеал да ги обедини сите либерали под заедничката форма на „Дванаесетте точки“.

Парламентарните избори завршиле со целосна победа на прогресивните. Ова биле исто така последни избори што биле во основа на парламентарниот систем од старата феудална држава. Сите напори што биле направени за да се помират владата и опозицијата не вродиле со плод. Кошут барал не само да се поправат актуелните неправди, туку либералната реформа да ги направи неправдите невозможни за иднина. Во највисоките кругови распуштањето на собранието личело како единствен лек, но пред да може да се изврши вестите за февруарската револуција во Париз стигнале во Презбург на 1 март, а на 3 март предлогот на Кошут за назначување независно и одговорно министерство било прифатено од Долниот дом. Умерените се обиделе да интервернираат не толку поради самиот предлог туку поради тонот, но на 13 март избила револуција во Виена и царот поради притисок или паника го назначил војводата Луј Бачани како премиер на првото унгарско одговорно министерство, во кое биле вклучени Кошут, Сечењи и Деак.

Бескрвавата револуција во Пешта