мини|десно|300п|Карта на Преторијанска Префектура Илирик, 318-379 Префектурата Илирик била една од четири големи префектури во Римското Царство. Административен центар на префектурата бил градот Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Србија).

Историја

Префектурата е формирана во 318 година. Во почетокот била поделена на две диецези: Панонска и Мезиска диецеза. Подоцна Мезиската диецеза била поделена на Дакиска и Македонска диецеза.

Префектурата ги опфаќала покраините Панонија, Норик, Крит, како и сите покраини на Балканскиот Полуостров, освен Тракија. 379 година префектурата била поделена на Западен и Источен Илирик. Западен Илирик е трансформиран во диецеза под јурисдикција на управникот на италјанската префектура, додека Источен Илирик станал дел на Византиското Царство во 395 година.

Поврзано

Панонија Римско Царство

Категорија:Префектури во Римското Царство Категорија:Историски области во Словенија Категорија:Средновековен Солун Категорија:Историја на Срем