Маскат (, ) е најголемиот и главен град на Оман. Градот е седиште на владата и центар на покраината Маскат. Во 2008 година, метрополитенската област Маскат имала 1.090.797 жителиWorld Gazetteer. Оваа поширока област зафаќа околу 1.500 км2 и е поделена на шест окрузи.

Маскат бил значаен трговски град низ историјата и поради тоа бил под владеење на различни народи и странски сили како на пример Персија или Португалија. Поради неговата местоположба и трговско значење, во градот се населиле и Персијци, Гуџарати и останати околни народи. Откако на трнот на Оман дошол султанот Кабос бин Саид, Маскат забележал голем инфраструктурен развој и развој на економијата.

Околу градот доминантни се карпестите планини Ал Хаџар. Градот се наоѓа на Оманскиот Залив и во близина на Ормускиот Проток. Градот е карактеристичен по ниските бели згради. Економијата на Маскат е застапена пред сè од трговијата и петролеум.

Наводи

Користена литература

Поврзано Оман Омански Залив

Надворешни врски

Министерство за надворешни работи Официјален туристички портал Национален авиопревозник „Оман Ер“ Водич за Маскат Министерство за информации Туристички портал за Оман и Маскат

Категорија:Градови во Оман

Категорија:Главни градови во Азија Категорија:Поранешни колонии на Португалија Категорија:Населени места основани во 2 век