Нијамеј (француски: Niamey) е главниот град на западноафриканската држава Нигер. Нијамеј е најголем град во Нигер и се наоѓа на реката Нигер, во најголем дел на источниот брег од реката. Градот е административен, културен и економски центар во државата. Официјално Нијамеј има население од 774.235 жители, но се проценува дека бројот е поголем.
Во градот најзастапена индустрија се изгработката на цигли, ќерамика, цемент и текстил. Нијамеј најверојатно бил основан во XVIII век, но имал мала важност сè додека не дошле Французите и ја воспоставиле колонијалната власт. Градот набрзо станал значаен град. Во 1926 година Нијамеј станал главен град на Нигер.
Користена литература
Поврзано Нигер Географија на Нигер
Надворешни врски
Собрание на Нигер Мисија на ООН во Нихер BBC News за Нигер CIA World Factbook за Нигер
US State Department за Нигер
Нијамеј Категорија:Главни градови во Африка