Струмичкиот конгрес од 1905 година на Струмичкиот револуционерен округ, Македонската револуционерна организација организација се одржал во летото 1905 година е еден од многуте конгреси кои биле одржани по Илинденското востание на кои биле разгледани голем број на прашања кои ја засегале Организацијата и македонското дело. Најпрво имало советување на Струмичкиот револуционерна околија, а потоа се одржал конгресот на целиот Струмички округ Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година.

Работа На Конгресот биле разгледани голем број на прашања меѓу кој омасовизирањето на револуционерното дело и заврстување на ораганизациската мрежа.

Притоа овој Конгрес донел неколку решенија.

Созадавње на специјални судски институции и одземање на дотогашното право на управните тела да судат, притоа бил изработен специјален судски правилник.

Приходите од судството требало да одат во полза на членовите на Организацијата кои биле затворени Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. .

Решенијата кој биле донесени на околискиот конгрес биле потврдени од страна на окружниот. Дополнително окружниот конгрес го разгледал неколку други прашања, борба против врховистите, борба против вооружената грчка пропагандам, бугарскиот струмички митрополит Герасим кои бил осуден и парично казнет.

Наводи

Литература Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981 Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943.

Категорија:Отоманска Струмица Категорија:Конгреси на Македонската револуционерна организација Категорија:Македонија во 1905 година Категорија:Струмички револуционерен округ