Prototype (македонски: Прототип) — акционо-авантуристичка видеоигра изработена од Radical Entertainment и издадена од Activision. Играта е пуштена во продажба во Северна Америка на 9 јуни 2009, во југозападните делови на Северна Америка и во Океанија на 10 јуни, и во Европа на 12 јуни.
Дејството во играта се одвива во градот Њујорк, каде што вирусна чума се шири низ Менхетн. Тие што биле заразени мутирале во страшни чудовишта. американските морнарички пешадијци, под управување на организацијата Блеквоч (Blackwatch), која се занимава со „црни операции“ (black ops), има задача да ја стабилизира ситуацијата. Во центарот на случувањата е протагонистот, Алекс Мерсер, човек со способност за метаморфоза без сеќавања за неговото минато. Алекс има способност да впива други личности, односно да ја презема нивната биомаса, спомени, искуства и физички изгледи. Паралелно со приказната на играта, играчот може да игра и во отворен свет, слободно шетајќи се низ Менхетн.
Многумина ја споредуваат оваа игра со Infamous, која била издадена еден месец претходно од Sucker Punch Productions, во која има суперхерој што развива моќи во отворен свет.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Видеоигри од 2009 година Категорија:Игри на Activision Категорија:Игри на Sierra Entertainment Категорија:Акциско-авантуристички игри Категорија:Научнофанатастични видеоигри Категорија:Хорор видеоигри Категорија:Нелинеарни видеоигри Категорија:Видеоигри со отворен свет Категорија:Видеоигри со суперхерои Категорија:Видеоигри од Канада Категорија:Видеоигри што се одвиваат во САД Категорија:Игри за PlayStation 3 Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Xbox 360 Категорија:Научнофантастични видеоигри