Бекешчаба (унгарски: Békéscsaba, словачки: Békešská Čaba) — град кој се наоѓа во Унгарија, смештен во југоисточниот дел на земјата. Бекешчаба е административен центар на округот Бекеш.

Градот има население од 64.852 луѓе според пописот од 2008 година. Бекешчаба е главен центар на националното словачко малцинство во Унгарија.

Градот Бекешчаба од главниот град на државата, Будимпешта е оддалечен околу 220 километри југоисточно.

Градот се наоѓа во источниот дел на Панонската низинa. Градот нема река која што поминува низ него, но реката Кереш се наоѓа блиску до него - на само 10 км северно. Климата во градот е умерено континентална.

Население

Етнички групи

Бекешчаба денеска има околу 64.000 луѓе, а бројот на населението опаѓа веќе 20 години. Некогашното бројно еврејско население целосно исчезнало во Втората светска војна.

Најголем дел од населението денеска го сочинуваат Унгарците (92%), но во градот се присутни и Словаците (6%).Hungarian census 2011 - final data and methodology

Религија

Според религијата Бекешчаба е доста хетерогена: Римокатолици - 24,2% Протестанти - лутеранци - 20,5% Протестанти - калвинисти - 10,9% други - 2,1% (најмногу Христијани) Атеисти - 30,5%

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страна Бекешчаба на унгарски и англиски јазик Слика на градот Панорама на градот

Категорија:Градови во Унгарија