right|thumb|Предлог знаме на Кипар.

Знамето на Република Кипар е официјалното знаме на државата, поточно на јужниот дел од островот Кипар. Знамето било усвоено на 16 август 1960 година кога се осамостоил Кипар.

Знамето на Кипар е бело каде има приказ на картата на Кипар во темножолта боја и под картата се наоѓаат две зелени маслинови гранчиња. Гранчињата и белата боја симболизираат мир, додека вкрстеноста на гранчињата симболизира мир помеѓу Грците и Турците. Картата и бојата го симболизираат бакарот во државата, бидејќи Кипар е составен од голем депозит на бакарна руда.

Пред да се усвои ова знаме, се користеле грчкото и турското знаме. Кога се правело знамето се избегнувала: црвена боја, сина боја, крст, полумесечина и ѕвезда за да се добие неутрално знаме. Знамето го направил Исмет Гунеј.

Покрај ова знаме, има и предлог знаме кое би се користело кога Кипар би се обединил. Тоа е составено од пет ленти во сина, бела, жолта, бела, црвена боја што симболизираат: Грци, мир, Кипар и Турци.

Поврзано Република Кипар Турска Република Северен Кипар Знаме на Турската Република Северен Кипар

Наводи

Надворешни врски

Знамиња на Кипар

Категорија:Национални симболи на Република Кипар К К