200px|мини|десно|Емпаер Стејт Билдинг.

Емпаер Стејт Билдинг () е облакодер во арт деко стил кој се наоѓа во Њујорк, во пресекот на Петтата авенија и Западната 34-та улица.

'''Емпајар Стејт Билдинг(Empire State Building)

Едно од најпознатите обележја на градот Њујорк, Сад е 102 катниот облакодер, изграден во Арт деко стил, Емпајар Стејт Билдинг (Empire State Building). Тој се наоѓа на раскрцницата помеѓу Петатта авенија и 34 Западна улица. Зградата е висока е 1250 стапки (381 метар). Овој облакодер го добива своето име според прекарот на државата Њујорк, Емпајар Стејт (Empire State). Со завршувањето на оваа градба во 1931 таа го носела епитетот на највисока зграда во светот повеќе од 40 години сè до изградбата на Северната кула на Светскиот трговски центар во 1972 година. По уништувањето на Светскиот трговски центар во 2001 година Емпајар стејт билдинг повторно стана највисока зграда во Њујорк. Американското здружение на градежни инженер и го вбројуваат овој облокодер во седумте светски чуда на модерниот свет. Внатрешноста на зградата и подот на улицата се определени од Здружението за заштита на обележијата на градот Њујорк а потврдени од Одборот за пресметки на градот Њујорк. Во 1986 година добива статус на Државно Историско место. Во 2007 година Американскиот архитектонски институт го рангира овој облакодер на првото место на списокот на Најомилена американска архитектонска градба. Зградата е под управа и во сопственост на W&H Properties. Во моментов Емапајар стејт билдинг е третиот највисок облакодер во Сад (по двете чикашки згради Вилис таур(Willis Tower) и Трамп интернеешенал хотел(Trump International Hotel and Tower), a 15 по ред по височина во светот. Тој исто така е Четвртата највисока самостојна градба во САД. Во моментов оваа зграда е во процес на реновирање за што се користат 550 милиони долари од кои 120 милион долари се користат во обид да се трансформира зградата во енергетско поефикасна и еколошка структура.

Историја

Замислата за изградбата на Емпајар стејт билдинг за првпат е развиена од Џон Томсон Фарм кон крајот на 18 век. Во тоа време, потокот кој се наоѓал на тоа место се излеал во езерото Сунфиш еден блок подолу. Кон крајот на 19 век овој блок е заземен од страна на Валдорф асторија хотел и бил често посетуван од општествената елита на Њујорк- Форхадретс.

Дизајн и Изградба

Емпајар стејт билдинг е дизајниран од страна на Вилијам Ф. Лемб од архитектонската фирма Sherve, Lamb &Harmon. Користејќи ги своите претходни дизајни за З градата Рејнолдс (Raynolds Building) во Винстон Селем, Северна Каролина и Кулата Карев (Carew Tower) во Синсинати, Охајо (дизајнирани од архитектонската фирма W.W.Ahlschlager& Associates), градежните цртежи за оваа зграда беа изработени за само две недели. Секоја година персоналот на Емпајар стејт билдинг му испраќаат картичка за Денот на таткото на персоналот на Зградата Рејнолдс (Raynolds Building) во Винстон Селем со цел да му оддадат почит на претходникот на Емпајар стејт билдинг. Зградата е дизајнирана од врвот па надолу. Главни изведувачи биле Браќата Стерет и Икен, а главни финансиери биле Џон Џ. Раскоб и Пјер С. Ди Пон. Градежната компанија била предводена од поранешниот гувернер на Њујорк, Алфред Д. Смит, додека Корпорацијата за општи градежни набавки на Џејмс Фарли го обезбедила градежниот материјал. Како главен инженер за изградба на овој проект бил назначен Џон Б. Боусер. Ископувањето на темелите започнува на 21 Јануари 1930 година, додека изградбата на зградата под влијание на претседателот на Empire State, Inc Ал Смит , започнува симболично на 17 март денот на св. Патрик. Во проектот се вклучени 3 400 работници, претежно имигранти од Европа заедно со стотина мохикански силни работници од резерватот Кахаваке близу Монтерал. Според службените документи, пет работника загинале за време на изградбата. На 1 мај 1931 година внуците на Гувернерот Смит ја исекле лентата со што Емапјар стејт билдинг официјално била отворена за јавноста. Фотографијата на Луис Вајкс Хајн , сликана за време на изградбата не е само непроценлива документација за изградбата туку и пример за севкупниот секојдневен живот на работниците во тоа време. Градењето на овој облакодер е токму поради добивање на титулата највисока зграда во светот. Два други проекти кои се бореле за истата титула , 40 Wall Street и Chrysler Building биле веќе во изградба кога се започнало со градењето на Емпајар стејт билдинг. Секоја од нив ја имала титулата за највисока зграда во светот помалку од една година бидејќи Емпајар стејт билдинг бил завршен само 410 дена од започнувањето на градбата. Зградата официјално била пуштена за јавноста на 1 мај 1931 година на еден драматичен начин кога Американскиот претседател Херберт Хувер со претискање на едно копче од Вашингтон ги запалил светлата поставени на врвот на самата зграда. Една година подоцна истите тие светла беа запалени повторно, но сега поради објавување на победата на Френклин Д. Рузвелт врз Хувер во претседателките избори во ноември 1932 година.

Архитектура

Емпајар стејт билдинг до својот 102 кат е висока 1250 стапки (381метар) плус 203 стапки (62 метри) кои му припаѓаат на врвот па така целосната висина на оваа зграда е 1453 стапки (443,09 метри). Зградата е составена од 85 комерцијали и деловни простории кои ги претставуваа основата од 2 158 000 квадратни стапки (200,500 метри квадратни). На 86 кат постои внатрешна и надворешна тераса за набљудување. Останатите 16 простории претставуваат кула во Арт деко стил кои се ограничени од страна на опсерваторијата сместена на 102 кат. Врвот на кулата е висок 203 стапки (62 метри). Поголемиот дел на самиот врв е покриен со репетитори и антени, а на самиот врв е сместен громобран. Емпајар стејт билдинг е првата зграда која имала повеќе од 100 катови. Таа има 6500 прозорци и 73 лифта и 1860 стапки оддалеченост од 102 кат . Нејзината вкупна површина е 2 768 591 квадратна стапка (257,211 метри квадратни), основата на самата зграда е околу 2 хектари (8 094 метри квадратни). Во зградата се сместени 1000 бизнис компании. Таа располага со свој сопствен поштенски број (10118). Од 2007 година приближно 21 000 вработини работат во оваа зграда секој ден со што Емпајар стејт билдинг е вториот најголем канцелариски комплекс во Америка веднаш по Пентагон. Објектот е завршен во време од една година и 45 дена . Првобитно во централниот дел се наоѓале 64 лифтови додека во моментов Емпајар стејт билдинг има 73 лифта во сите делови , вклучувајќи ги и лифтовите за услуги. За да се стигне до 86 кат каде што се наоѓа набљудувачката тераса, со лифт потребно е помалку од една минута . За зградата се искористени 70 милји (113 километри) цевки, 760 000 метри електрична жицаи околу 9 000 славини. Оваа зграда се загрева со помош на пареа под низок притисок. И покрај висината на зградата и е потребно од 14 до 21 килопаскали за затоплување. Таа тежи околу 370 000 тони . Надворешноста на зградата била изградена од панели од варовниците од Индијана. За разлика од повеќето облакодери денес , Емпајар стејт билдинг е Изградена во Арт деко дизајн , карактеристичен за архитектурата во Њујорк пред Првата светска војна. Модернистичките сводови од нераѓосувачки челик на влезовите од 33-та и 34-та улица водат до тњо-сторѕ високиот коридор околу јадрото за лифтовите испреплетен од не’рѓосувачки челик и стаклени затворени мостови на вториот кат . Јадрото за лифтот е составен 67 лифтови. Лобито се наоѓа на највисокиот кат и претставува алуминиумски релјеф на облакодерот без антена кој не беше додадена на куполата сè до 1952 година. Северниот ходник е составен од 8 светлечки паноа , создаден од страна на Рој Спаркиа и Рене Неморов во 1963 година на кои покрај традиционалните седум, насликано е и осмото светско чудо. Долгорочното предвидување за животниот циклус на зградата е вметнато во времето кога е дизајнирана зградата со што се задоволувааат барањата на претходните како и на идните генерации. Ова е особено изразено во дизајнот на електричниот систем на објектот.

Рефлектори

Во 1964 година беа додадени рефлекторите кои требаше да го осветлуваат врвот на зградата во текот на ноќта. Рефлекторите беа во избрани бои со цел да одговараат на сезонски и други настани како : Свети Патрик, Божиќ, Денот на Независноста или Денот на Бастиља. На пример веднаш по 80 роденден и непосредно по смртта на Френк Синатра , зградата беше обоена со сино светло во знак на прекарот на познатиот пејач Сини Очи. По смртта на протагонистката од Кинг Конг Феј Врај кон крајот на 2004 година сите светла беа изгаснати и зградата остана во целосен мрак цели 15 минути. По уништувањето на Светсккиот траговски центар зградата беше обоена во црвена, бела и сина боја неколку месеци. На 4 јуни 2002 година Емпајар стејт билдинг беше облечена во пурпурна и златна боја ( боите на кралицата Елизабета II), во знак на благодарност на Велика Британија која како знак на поддршка по нападите од 11 септември, на 12 септември 2001 година за време на промена на стражата во Бакингамската палата свирена е американската државна химна. Традиционално , како дополнение на вообичениот распоред, за време на натпреварите на спортските екипи од Њујорк на домашен терен зградата ќе биде осветлена во нивните препозантливи бои (портокалова, сина и бела , боите на Њујорк Никс и црвена, бела и сина ,боите на Њујорк Ренџерс ). Првиот викенд од месец Јуни , зградата ќе биде обоена во зелена боја поради Влоговите во Белмонт кои се одржуваат во близина на Паркот Белмонт. Кон крајот на август и почетокот на септември за време на тенискиот турнир US Open , зградата ќе биде обоена во бојата на тениското топче (жолта). Зградата двата пати беше осветлена во црвена боја и тоа првиот пат како знак на поддршка на Универзитетот Рутгерс во фудбалскиот натпревар против Универзитетот Луисвил на 9 ноември 2009 година додека за вторпат таа беше обоена во црвено на 3 април 2007 година кога женската кошаркарска репрезентација играше на Државниото првенство за жени. Во 1995 година зградата е обоена во сина,црвена и жолта боја поради лансирањето на оперативниот систем Виндовс 95 на Мајкросовт кампањата од 300 милиони долари. Исто така зградата е обоена во виолетова и бела боја во чест на студентите кои дипломираат на Универзитетот Њујорк и во сина и бела боја во чест на оние кои дипломираат на Универзитетот Колумбија. За време на геј неделата во јуни зградата е обоена во бледорозева боја симболизирајќи ги правата на хомосексуалците. Секоја година во септември зградата се обојува во црна ,црвена и жолта боја и светлата на врвот се исклучени поради прославата на Германско-американската парада на Петтата авенија . Во октомври 2007 година зградате била обоена во зелена боја цели три дена во чест на исламскиот празник Еид-Ул-Фитир. Првиот ден од осветлувањето отогашш па наваму се смета како годишен настан и е повторено во 2008, 2009 и 2010 година. За да се означи почетокот на филмот Симпсонови во декември 2007 година зградата беше обоена во жолта боја. Од 25 до 27 април 2008 година зградата е обоемна во бледорозева , роозова и бела боја во чест на музичките достигнувања на поп дивата Мараја Кери и издавањето на нејзиниот единаесетти студиски албум. Кон крајот на Октомври 2008 година зградата била обоена во зелена боја во чест на пет годишнинта од реноминараните Музички награди на Бродвеј со Кери Елис и Стивен Шварц.