НоградNógrád megye100п|Грб на округот 250пРегион Северна УнгаријаАдминистративен центар ШалготарјанПовршина 2.544,18 км2Население 210.182 (2008)Густина на населението 82,6 /км2Број на населени места131Мрежно местоwww.nograd.hu/
Ноград (унгарски: Nógrád) е еден од 19те окрузи на Унгарија. Ноград се наоѓа во северна Унгарија. Своите граници ги дели со Словачка и унгарските окрузи Пешта, Хевеш, Боршод-Абауј-Земплен . Главен административен центар на округот е Шалготарјан. Површината изнесува 2544 км2.
thumb|left|230px|Поглед од Салго замокот во северен Ноград.
Ноград е познат по неговата историска архитектура, која ги вклучува античките готски цркви и камените замоци кои датираат од 13 век. Други историски атракции се и барок зградите кои се изградени во XVIII век. Поголемиот дел од северната граница на округот ја формира реката Иполи. Делови од планиниските вериги Борсони, Черхат и Матра лежат во округот.
Поради планините, округот се одликува со мали селцат кои се сместени во ридовите. Најголемите градски населби во округот се Баласѓармат, поранешната столица на округот и Шалготарјан кој станал индустриски центар во раниот 20 век, како резултат на ближните рудници.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Ноград.нет Врски поврзани за округот Карта на округот Туристички водич Фотографии на Ноград и Шалготарјан Статистички податоци од 2007.
Категорија:Окрузи во Унгарија