250px|thumb|Монета со ликот на Антигон I Едноокиот (382-301 г. п.н.е.) Антигонидска династија или Антигониди — династија на македонски кралеви кои воделе потекло од Антигон I Едноокиот генерал во војската на Александар Македонски. Династијата е наследничка на Антипатридската династија, која владеела со Мала Азија и северна Сирија.

Напорите на Антигон I Едноокиот за воспоставување на контрола врз целокупната територија на Македонската Империја завршиле со негов пораз во Битката кај Ипс во 301 п.н.е.. Неговиот син, Деметриј I Опсадникот ја преживеал битката и неколку години подоцна завладеал со Македонија, но подоцна бил симнат од престолот и умрел во затвор. По период на нереди, синот на Деметриј, Антигон II Гонат успеал да ја зацврсти семејната власт врз старото Македонско Кралство, како и врз речиси сите грчки градови-држави до 276 п.н.е..

Антигонидската династија била една од четирите династии воспоставена од страна на наследниците (дијадоси) на Александар Македонски, останатите три династии биле: Селевкидската династија, Птоломејската династија и Аталидската династија. Последниот член на династијата, Персеј, кој владеел помеѓу 179 п.н.е. - 168 п.н.е., бил признат од грците како борец за ослободување од римската власт. Персеј не успеал да го сопре напредувањето на римските легии и неговиот пораз во Битката кај Пидна значело и почеток на крајот на династијата.Britannica, Антигонидска династија, 2008, O. Ed. "Philip’s successor, Perseus (reigned 179–168 bc), was recognized as a champion of Greek freedom against Rome. But Perseus’ failure to deploy his full resources brought about his defeat (168) at Pydna in Macedonia and signaled the end of the dynasty."

Членови на династијата, влатедетели со Македонија

thumb|right|250px|Деметриј I Опсадникот.

владетел период на владеењезабелешкаАнтигон I Едноокиот зачетник на династијатаДеметриј I Опсадникот 294 п.н.е. - 287 п.н.е.Антигон II Гонат277 п.н.е. - 274 п.н.е.Антигон II Гонат272 п.н.е. - 239 п.н.е.повторно назначенДеметриј II239 п.н.е. - 229 п.н.е.Антигон III Досон229 п.н.е. - 221 п.н.е.Филип V221 п.н.е. - 179 п.н.е.Персеј179 п.н.е. - 168 п.н.е.последниот крал во династијата

thumb|250px|Антигон II Гонат. thumb|250px|Филип V. thumb|250 px|Персеј, последниот крал од антигонидската династија

Поврзано Антипатридска династија Аргеадска династија Аталидска династија Птоломејска династија Селевкидска династија

Наводи

Категорија:Династии во Античка Македонија Категорија:Престаноци во 2 век п.н.е. Категорија:Македонија во 3 век п.н.е. Категорија:Македонија во 2 век п.н.е.