Знамето на Мексико е официјалното знаме на државата. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во зелена, бела и црвена боја каде во средината на знамето и белата лента се наоѓа државниот грб. Боите се национални бои во државата и бои на војната за независност на Мексико. Овие бои се користат уште од независноста на државата, но во овој дизајн од 1968. Ова знаме наликува на италијанското, но сепак мексиканското знаме е постаро од италијанското, помало е во димензии и боите се потемни. Денес, зелената боја симболизира надеж, белата боја унија и црвената боја ја симболизира крвта на националните херои. Симболизмот на боите варирал во минатото. Централен мотив на грбот е пиктограм за Теночтитлан, центарот на Ацтечката Империја.
Поврзано Мексико Грб на Мексико
Надворешни врски
Мексикански симболи, страна на претседателот на Мексико
Категорија:Национални симболи на Мексико Мексико Мексико