мини|200п|десно|Знаме на Иран

Знамето на Иран е официјалното знаме на државата усвоено на 29 јули 1980 година. Денешниот дизајн на знамето е како резултат на Иранската револуција. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја. Во средината на знамето се наоѓа грбот на Иран во црна боја што всушност е стилизирана форма на зборот „Господ“. Исто така, на самата граница на црвената и зелената лента има натпис на куфичко писмо во бела боја. Натписот значи „Господ е голем“ и се повторува 22 пати што се совпаѓа со 22 ден од 11 месец, денот кога била Исламската револуција.

Симболизам

Боја Опис Зелена Симбол на надежта и развојотБела Симбол на честа и мирот Црвена Симбол на храброста и љубовта

Поврзано

Иран Грб на Иран

Наводи

Надворешни врски

Знамиња на Персија —Encyclopædia Iranica

Категорија:Национални симболи на Иран И