Отоманско-византиските војни претставуваат серија од воени конфликти помеѓу Отоманците и Византијците, кои довеле до конечно распаѓање на Византија како империја и до подем на Отоманското Царство.
Во 1204 година византиската престолнина Цариград била окупирена и опседната од страна на крстоносците во рамките на Четвртата крстоносна војна. ОВа претставувало важен момент на христијанскиот раскол меѓу истокот и западот. Византија по распаѓањето на повеќе земји останала поделена и во хаосThe Fourth Crusade and the Sack of Constantinople, Jonathan Phillips, History Today v 54:5 2004. Користејќи ја предноста на ситуацијата, Селџуците започнале со освојување на територијата во Западна Анадолија. Како главен нејзин конкурент бил еден од наследничките на Византија, Никејската империја. По повторното заземање на градот Цариград во 1261 година од страна на никејскиот цар, самата Византија била обновена. Но позициите на Византија на европскиот континент останале многу мали бидејќи на Балканот постоеле големи држави како Бугарија, Србија и Епир. Во следниот период започнале да се намалуваат позициите на Селџуците во Мала Азија, кое довело до распаѓање на империјата на неколку мали емиратства или бејлици. Едно од најсилните кое се покажало во иднина било онаа на бегот Осман, кој во 1299 година го дал почетокот на неговите идни освојувања
Во рок од 50 години од основањето на Османлискиот бејлик, византиска Мала Азија престанала да постои, додека до 1380 била заземена византиска Тракија а веќе во 1400-тите години, Византија се наоѓача во делови на Мореја, неколку егејските острови и дел од Тракија во непосредна близина на главниот град. По Никополската битка, инвазијата на Тимур во 1402 година и последната крстоносна војна кај Варна во 1444 година, Османлиите во 1453 година започнале успешна опсада на Цариград кое резултирало со конечно распаѓање на Византија.
Подем на Османлиите (1265–1328)
Во времето кога Михаил VIII Палеолог го вратил КОнстантинопол под византиска власт, самата Византија била ставена во лоша ситуација. Околу нејзината територија се наоѓале неколку латински земји, на север заканата доаѓала од Србија на чело со кралот Стефан Урош. КОга Византија започнала да ги освојува териториите на Латинско ЦарствоMango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pp. 255–257, Османлиите од друга страна во Анадолија започнале напади врз Византија. Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Османлиите во Османлиското Царство, која постоела шест векови. Во 1265 година, византискиот град Согут бил заземан од страна на Осман бег., кој станал прва престолнина на Османлиите. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на 13 век, Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан ЈенишехирCompact History, pp. 70–71. Византискиот цар не бил во можност да се справи со овие напади поради потребата од префрлање на војниците кон Анадолија.
Во 1282 година починал Михаил VIII Палеолог, а неговиот син Андроник II Палеолог ја презел власта. Смртта на стариот византиски цар дошла како олеснување за општеството во целина. Андроник II Палеолог ги напуштил амбициозните потфати на својот татко, се придржувал кон православието и откако започнал со своето самостојно управување во 1282 година, ја укинал Лионската унија со Римската црква, склучена од Михаил VIII во 1274 годинаOxford History, pp. 260–261. Андроник II ја наследил државната каса на Византија во состојба на банкрот, поради големите воени трошоци на Михаил VIII. Царот ги ограниил фискалните привилегии на големите земјопоседници и ги зголемил даноците.
Андроник II имал голем интерес во зачувување на анадолските територии на Византија и наредил изградба на тврдини во Мала Азија и енергична обука на армијата. Византискиот цар наредил неговиот двор да се пресели во Анадолија, за да ги надгледува кампањите против Османлиите. Раните успеси останале бескорисни кога Турците започнале опсада на Никеја во 1301. Една од поголемите први османлиски победи била Битката кај Бафеј. Претходно Османлиите во опсада ги ставиле градовите Никеја, кој бил империјален град и Бурса.Kazhdan (1991), pp. 1539–1540 Турските напади претставувале и закана за градот Никомедија. За да го спречи ова, царот Андроник II Палеолог испратил армија од околу 2.000 војници да го ослободат градот.Bartusis (1997), p. 76Kazhdan (1991), pp. 251, 1421Nicol (1993), p. 126 Така битката се случила кај Бафеј, место кое очигледно се наоѓа помеѓу Никомедија и Никеја на 27 јули 1302 година. Во битката, Османлиите успеале да го скршат отпорот на Византијците, принудувајќи ги да се повлечат кон Никомедија.Nicol (1993), p. 126
По неуспесите на Византијците да се справат со сопствени сили, царот ги повикал каталонските војници на чело со Роже де Флор, кој пристигнал во Цариград со 39 галии и 6500 луѓе, за да се бори со османлиските сили. Каталонците имале успех и привремено ја задржиле турската офанзива во Витина, но откако не ја добиле платата која им била ветена, тие започнале со грабежи по византиските територии во Мала Азија. Во 1305 година Роже де Флор бил повикан во Едрене каде бил убиен за време на една гозба. Ова убиство довело до крвави погрони, познати како Каталонска одмазда: платениците кренале востание и се здружиле со Османлиите па заедно започнале со своите пустошења по источна Тракија во текот на две години. Напаѓачите биле поразени во 1308 година кај Солун.
Во следниот период, во Византија избувнала граѓанска војнаOstrogorsky, p. 499.. Во 1320 година починал престолонаследникот Михаил IX Палеолог, син на Андроник II и негов соцар (од 1295 година). Дел од аристократијата го воздигнал во 1321 година на престолот внукот на царот, синот на Михаил IX - Андроник III Палеолог, кој се зацврстил во Тракија. Андроник II бил принуден да ја признае власта на Андроник III над Тракија и Македонија и да го прифати за помлад соцар и престолонаследник во 1322 година.Fine (1994), p. 251Nicol (1993), p. 157Bartusis (1997), p. 87.
Граѓанската војна во Византија дала шанса на Османлиите да извлечат корист, додека Бугарија и Србија интервенирале со поддршка на едниот или другиот кандидат. На крајот, како победник излегол Андроник III Палеолог. Османлиите користејќи ја нестабилноста во Византија, успеале да го заземат градот Бурса во 1326 година.
Византиска контраофанзива (1328–1341)
Владеењето на Андроник III било обележано со последниот вистински обид на Византија за враќање на "славата што некогаш беше Рим". Во 1329 година, византиските војници биле испратени за да се соочат со османлиските сили кои ја имале опседнато Никеја. Судбината на Никеја била запечатена по византискиот пораз во Битката кај Пелеканон на 10 јуни 1329 година. Така главната престолнина на имеријата пред 70 години, Никеја паднала во 1331 годинаA History of the Byzantine State and Society, Treadgold, W., Stanford Press, 1997. По овој пораз Османлиите се насочиле кон Никомедија и ја зазеле.
И покрај овие неуспеси, Андроник III бил во можност да постигне неколку успеси против своите противници во Грција и Мала Азија; Епир, заедно со Солун биле заземениOxford History, p. 263.
Балканска инвазија и граѓанска војна (1341–1371)
По византискиот пораз во Битката кај Пелеканон, Орхан развил пријателски односи со Андроник III Палеолог, како и со неговите наследници. Во следните дваесет години отоманците внатрешно се зацврстиле. Во Византиската граѓанска војна од 1341 до 1347, Византија ги потрошила можеби и своите последни ресурси. Во 1341 година починал Андроник III.Oxford History, p. 265. Негов наследник бил Јован V кој бил малолетен. Истата година Јован VI Кантакузин се прогласил за цар на Византија давајќи го почетокот на граѓанската војна меѓу Ана Савојска и Алексиј Апокавк. И двете страни се стремиле да ги придобијат како сојузници туркиските владетели во Анадолија. Ана најверојатно својата делегација кај Орхан I ја испратила во 1345 година.
Во 1346 година, царот Јован VI Кантакузин го признал Орхан како најголем емир меѓу муслиманските кнежевства. Тој се стремил да ги држи османлиските сили постојано до неговите интереси. Во 1346 година османлискиот владетел испратил делегација кај Кантакузин посакувајќи ја неговата ќерка Теодора за сопруга а во замена ветил дека ќе му помогне во бунтот против Ана. Според историчарите, Јован ова го прифатил дури откако се согласиле и поголемиот дел од семејството, служителите и другиот туркиски сојузник УмурPaul LEMERLE, L'Emirat d'Aydin. Recherches sur la Geste d'Umur Pacha, Paris (1957). По добивањето на согласност, Орхан испратил во Селиврија, денешен Силиври, западно од Цариград воена помош. Самата свадба била многу раскошна и опишана од страна на многу византиски историчариA.A.M. BRYER, „Greek Historians on the Turks: the Case of the first Byzantine-Ottoman marriage". In: R.H.C. DAVIS, J.M. WALLACE-HADRILL (eds.), The Writng of History in the Middle Ages. Essays Presented to Richard William Southern, Oxford (1981). Сојузот меѓу Орхан и Кантакузин ја принудил на Ана да побара помош од емирот на Сарухан. Тие откажале и се придружиле кон силите на Орхан. На 2 февруари Јован влегол во Цариград и по шест дена се прогласил за нов цар. Јован V добро ги одржувал врските со Орхан. Во 1348 година српскиот цар Стефан Душан ја зазел Тесалија. Јован побарал помош од Орхан кој испрратил околу 10.000 пешадиска војска на чело со неговиот син Сулејман паша. Кога пристигнале блиску до Солун Османлиите неочекувано се обрнале повторно кон Дарданелите, притоа вршејќи големи грабежи. И покрај тоа, во 1352 година Јован повторно побарал помош од Орхан кога Јован го нападнал Матеј кај Адријнопол. На страната на Матеј застанале Османлиите и оствариле голема победа.
Во 1352 година повиканата од Кантакузин подкрепа на синот му зазема тракиската тврдина Цимпе. Јован се обидел оваа тврдина да ја одзеде од Орхан, на кое тој му рекол дека не тој, а неговиот син Сулејман ја зазел тврдината. Како резултат на ова, царот испратил голема војска а од друга страна истото го сторил и Орхан. Во тоа време, Сулејман Паша бил во Пеге, на анафолскиот брег од Мраморно Море, каде дознал за големиот земјотрес. Тој ги преминал Дарданелите и ги населил полупразните градови со муслиманско население. Според Матео Вилани, Османлиите во тоа време ја направиле и првата опсада на Цариград која траела многу кратко.
Византискиот цар му се обратил на Орхан да неговиот син Сулејман ги врати одземаните градови, на кое Орхан одговорил дека тие градови не биле заземани со сила. По интензивни преговори, султанот наредил на својот син да се повлече а за возврат да добие 40.000 златни монети. За да се потврди договорот двајцата владетели требало да се состанат во денешен Измит но до тоа не дошло бидејќи Орхан наводно се разболел, а тракиските градови во крајна сметка останале под власта на Османлиите. Кон крајот на 1354 година византискиот императот абдицирал. Така, падот на Галиполе заедно со тврдината Цимпе станале првите заземани места на Османлиите во ЕвропаOxford History, p. 268Madden, p. 182.
1371-1394 Во 1373 година бил склучен сојуз меѓу Мурат и византискиот цар Јован V. Ова зближување било потикнато од истовремените бунтови на нивните синови Савчи Бег и Андроник. Една кратка хроника од 1377 година соопштува дека Андроник во мај 1373 година го напуштил Цариград бегајќи од сопствениот си татко и се сретнал со султановиот син. Бунтот започнал на 25 мај, но истиот бил задушен уште пред да започне. На 29 септември 1373 година востание повторно дигнал султановиот син, по кое Мурат го заробил и наредил да биде ослепен, а Андроник бил затворен. Вестите за овој сојуз стигнале до папата во Рим, кој во следните години го нарекол сојуз на нечестта, и покрај тоа што папата претходно не сакал да му помогне на византискиот цар.